Одете си, кога ќе станете терет кој сакаат да го фрлат

Ако некој е посреќен, поисполнет, порадосен, позадоволен без вас, опуштен како да нема грижи, проблеми, нервирања, бидејќи ве нема Вас….тогаш повлечете се, исчезнете, намалете… Не давајте повод да се зборува за вас, како за причина за нечиј немир, несреќа или болка.

Одете си. Кога ќе се фатите себеси како сираче желно за внимание.

Одете си. Кога ќе се почувствувате отфрлено како скитник покрај патот.

Одете си. Кога ќе станете терет кој сакаат да го фрлат.

Одете си. Кога се плашите дека некој ќе изгубите, бидејќи таму каде што има љубов нема страв.

Одете си. Кога ќе дојдат моменти во кои ќе се стуткате во положба на фетус.

Одете си. Кога боли, а повеќе нема солзи.

Одете си. Кога ќе ви кажат дека сте небитни, неважни.

Одете си. Кога сте свесни дека од едно ‘сеедно’ сигурно ќе умрете.

Само одете си. Кога ќе одлучите дека поради некој, никогаш повеќе нема да сакате.

Одете си..лутајте, плачете, закопајте се. Потоа, оживејте, разбудете се, научете ја лекцијата и гордо одете и само Одете си.. До рацете кои се вредни за вашето потполно предавање…

извор: lola

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: