Секогаш ќе се борам за тебе, но штом престанеш да ме почитуваш- тоа и јас ќе го направам

Кога излегувам од кожа, а ти не можеш ниту чекор да направиш кон мене, ќе се свртам и ќе си одам.
Ако одлучиш да бидеш во мојот живот и ќе ми се дадеш цел себе, ќе ти одговорам исто. Секогаш ќе правам повеќе од она што очекуваш.

Секогаш ќе зборувам ‘Благодарам’ и ќе бидам благодарна. Секогаш ќе те заштитувам. Дури и зад грб. Ако ме бираш мене, секогаш ќе те бирам тебе. И нема да ми биде важно што луѓето мислат или зборуваат.
Никогаш нема да дозволам, нивното мислење влијае на моето. За мене верноста е се’. И секогаш ќе биде така.

Ако видам нешто во тебе, тогаш тоа е така. За мене е тоа доволно. Но, штом мене ќе ме натераш да се посомневам во тоа колку вредам, тогаш ќе престанам да се трудам.
Штом почнуваш да бараш изговори во кои не можам да поверувам, ќе почнам да гледам на тебе поинаку. Штом престанеш да одговараш или почнуваш да покажуваш дека ти е сеедно и јас ќе престанам.

Штом престанеш да ме почитуваш мене и јас ќе возвратам.
Штом ќе почнеш да ја прифаќаш мојата љубов здраво за готово или ја доживуваш како терет, јас ќе си заминам. Затоа што не мора да се борам да бидам во твојот живот. Не треба да се натпреварувам. Кога излегувам од кожа, а ти не можеш ниту чекор да направиш кон мене, ќе се свртам и ќе заминам.

Јас мрзам да се предавам. Но, најмногу од се’ мразам да се чувствувам недоволно добро. Како да треба повеќе да се трудам. Како да имам некој недостаток кој ме спречува да ја заслужам твојата љубов. И колку и да се трудам, не можам да ги задоволам твоите желби и потреби.

Ако сакаш да бидеш во мојот живот- во ред. Секогаш ќе се борам за тебе да останеш. А ако до тоа дојде, ќе ти ја отворам вратата со насмевка и да ќе те пуштим да си одиш без зборови. Дури и ако не го разбирам тоа или ќе ме боли кога гледам како си одиш. Ќе ти речам ‘Збогум’.

Извор: www.pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: