5 зборови кои привлекуваат ‘лоша среќа’ во вашиот живот

Секоја мисла или збор ја формира нашата стварност и тоа не можеме да го контролираме, но можеме со вежба да направиме контрола над нашите мисли и зборови кои ги изговараме и така да ги привлечеме добрите работи и позитивната енергија во животот.

Обидете се од вокабуларот да ги исфрлите зборовите кои имаат ниска енергетска вибрација и набљудувајте како вашиот живот чудесно се менува на подобро! Ова не е магија, туку правило кое помага при детоксикација на зборовите и мислите, за да стекнете позитивна перспектива и да живеете со повеќе оптимизам.

Еве ги зборовите кои привлекуваат лоши вибрации:

1. Чувство на должност. Ако чувствувате дека сте должни на другите да им вратите за некое добро дело, тогаш го прекинувате ланецот на добри дела и го материјализирате. Некој го сакате затоа што едноставно го сакате, а не затоа што сте должни. Се грижите за некој, бидејќи го сакате, а не затоа што ви е важно што другите ќе кажат. Обидете се наместо ‘морам’ и ‘треба’ да ја користите изреката од типот- ‘би било сјајно ако…’ или ‘ќе ми биде драго ако ви помогнам’..

2. Чувство на вина. Ова е токсично чувство кое е пропратено со мисли, емоции и зборови во кои се правдате и се критикувате себеси, а може да биде погубно за вашата душа. Не постои грешка која не може да се исправи. Секогаш ја познавате својата грешка и што е најважно кажете им на другите: ‘Прости ми’! Наместо да негувате чувство на вина, заменете го со убавината на простувањето која ќе ве исцели.

3. Жалење и самосожалување. Чувството на жалење е бег од стварноста, од важните акции и тапкање во место. Наместо да се сожалувате и да се претставувате како жртва, обидете се себеси да се охрабрите и да се потикнете, да продолжите со животот и покрај секој предизвик. Некои луѓе својот недостаток на самодоверба ја надоградуваат така што ги сожалуваат другите. И ако за некој ви е искрено жал, не го жалете, туку наместо ‘ми е жал’ кажете ‘ти си неверојатно храбар.

4. На сите им помагам, јас сум херој. Приказната во која себе се преставувате во суперлатив, не зборува многу добро за вас. Ако имате обичај да му помогнете на некој, а потоа за тоа на сите да им зборувате, тогаш вашата помош губи на значење. Секој кој себе се издига во висина пред другите, често ќе падне толку ниско што му е тешко да ја избрише прашината од колената и да продолжи понатаму. Наместо да зборувате колку другите ви се должни и колку им помогнавте, во себе изговорете: ‘Дадов и тоа нека донесе општо добро’.

5. Неблагодарност и кукање. Во современиот свет има толку многу шарени реклами кои не’ привлекуваат, бидејќи очекувањата на светот најпрво се материјални, а многу личности сметаат дека не се потполни, ако немаат најнови модели на автомобили, телефони или маркирана гардероба. Од друга страна, луѓето кои тоа себеси не можат да си го приуштат, постојано се жалат на својот живот и несреќни се.

Почнете од почеток- ајде прво да развиеме чувство на благодарност за се’ она што имаме во својот живот- пријатели, семејство, здравје, работа…Друго, размислете добро, дали таа работа која така ја посакувате ќе ви донесе среќа или по неа ќе сакате уште нешто материјално, поново, поскапо. Наместо кукање и жалење, кажете ја магичната реченица: ‘Благодарен сум на…

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: