32 мудри принципи за сите животни ситуации

1. Не плачете и не се жалете на судбината зла.
Молчејќи станете, одете и работете се’ што треба.
2. Прекинете да се обидувате и да пробувате. Работете или не работете. И точка.
3. Патувајте! Два пати годишно, одете таму каде што никогаш не сте биле. Патувањето ќе ви помогне да се најдете себеси.
4. Дозволете си себеси да правите грешки.
Нешто сте пропуштиле- не пропуштете ја лекцијата од тоа. Грешката е одлична прилика за развој.
5. Развивајте индивидуалност. Вие сте такви какви што сте. Не се споредувајте со никој освен со себе.
6. Донесете одлуки самостојно. Не гответе по туѓи рецепти.
7. Однесувајте се кон Вишите сили со почитување. Не ги спомнувајте туку така.
8. Не се наметнувајте. Светот е огромен – во него дефинитивно постои некој кој ќе биде среќен, добивајќи го вашиот поглед и насмевка.
9. Медитирајте секој ден. Учете да се опуштите и да се концентрирате.
10. Насмевнете се ако нешто не оди како што сте планирале.
Запомнете, ако не добиете она што посакувате- понекогаш е среќа.
11. Научете да кажете ‘Не’. Не се плашете од одбивање.
12. Отпуштете ги луѓето и ситуациите.
Не ги вртете сите можни варијанти на случувањата. Се случи како што се случи. Кога е тешко да се отпушти, поставете си две прашања: ‘Дали ова ќе биде важно за 5 години?’
13. Оценете ја го секој изговорен збор како виситна, корисност и добрина. Не зборувајте ништо непотребно. Не, за озборувања, лаги и жалби! Подобро молчете ако нема што да кажете.
14. Мислете! Пред донесувањето на одлуките, проценете ја нивната вредност.
15. Ако сте многу лути на некој, почекајте 24 часа пред да одговорите.
16. Бидете независни и самодоволни. Вашата среќа зависи само од вас, а не од тоа како другите луѓе мислат и постапуваат.
17. Почитувајте се себе и другите. Човекот сам бира. Не мешајте се во работи кои не ве допираат. Не гледајте во туѓи животи со мисли и реченици- не го губете од вид својот избор!
18. Работете исклучиво во сферата на својот интерес. Не се грижете за тоа на што не можете да влијаете.
19. Бидете на свеж воздух секој ден. Без оглед на време и расположение.
20. Верувајте во соништа и идеите. Времето е нереално. Тие веќе се остваруваат!
21. Развивајте таленти. Запомнете. Бог ви дал се’ што ви треба за раст и развој. Да, да, имате таленти! Само отворете ги очите.
22. Бидете одговорни за своите зборови и постапки. Вашите зборови се многу моќни.
23. Бидете верни. На луѓето, принципите и изборите. ‘Да се биде верен не е вроден квалитет. Тоа е одлука!
24. Ако постои работа, работа која ќе трае помалку од 3 мин- треба да се направи веднаш. Не одложувајте.
25. Пазете на своето здравје. Тоа е едно. Пред вас се достигнувања- здравјето ќе биде потребно за нивна имплементација.
26. Внимавајте на надворешноста. Секогаш бидете подготвени за нови достигнувања и неочекувани состаноци.
27. Пронајдете го својот внатрешен мир и хармонија. Вистинската сила на човекот не се манифестира во импулси, туку во спокојството.
28. Прифатете го фактот дека минатото е во минатото. Извлечете искуство, отпуштете и одите понатаму.
29. Поставете приоритети. Се’ има свое место
30. Победете ги стравовите. Стравот е илузија.
31. На крајот на секоја недела, одговорете на прашањата:
– Што научив минатата недела?
– Кое е најголемото достигнување оваа недела?
– Дали изгубив некое време залудно?
32. Никогаш не се откажувајте! Истрајноста и упорноста секогаш се наградени.

Извор: http://www.transurfing-real.ru/2018/04/32.html

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: