Зошто се лутиш? Само затоа што не е по твое?

Зошто се лутиш? Само затоа што не е по твое? Затоа што не ти одговара што другите мислат и чувствуваат? Зошто им замеруваш, кога секој од нас има свој пат? Зошто удираш со камења кои на крајот ќе ти се вратат тебе? И ти тогаш околу вратот ќе ги носиш како свој терет.

Зошто го спушташ другиот? Само од причина што не е како тебе? Зошто себеси тоа си го правиш? Зошто не простиш? Да го прифатиш другиот таков каков што е?

Дури и ако не ти одговара, во ред е. Тргни се. Но, не се плеткај во туѓата слободна волја. Исто како што ти не сакаш некој да се плетка во твојата. Тоа што на другите им правиш, си правиш и себеси. Затоа уште еднаш прашање: Зошто себеси си го правиш тоа?

Marina Knusel

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: