Апатија -состојба на умот,чувство или став кон животот?

Велат дека апатија е како проклетство. Велат еднаш кога ќе те ‘фати’, нема да те пушти. Ќе ви го расипе животот, ќе го угасне секој пламен кој го имате одвнатре и во потполност ќе ги замрзне вашите чувства. Апатија е состојба на умот, во која сте обесхрабрени, надежта исчезнува, па дури и телото боли. Ви недостасува енергија и желба, како да сте заробеник и на физичко и ментално ниво.

Многумина од нас барем еднаш тоа го доживеал. Но, дали апатијата е навистина состојба на умот? Или е тоа чувство? Дали е тоа став кон животот?

Апатијата е слоевита. Тоа го знаеме, бидејќи имаме искуство од прва рака. Нејзиното влијание досегнува речиси во секој дел од нашето битие. Апатија е недостаток на мотивација, исцрпеност, разочарување, тага…Понекогаш имаме грозно чувство дека времето поминува, а ништо не се случува и ништо не не’ допира. Овој калеидоскоп на ментални, емоционални и физички процеси често се опишува како една од најнепријатните ситуации која човек може да ги доживее.

Тоа е како притисок на копче ‘пауза’ на животот и застанување во необична димензија, во која владее недостаток на иницијатива и надеж. Никој не би требало да биде таму подолго отколку што треба. Апатија значи буквално ‘недостаток на чувства’. Иако тоа може да звучи малку претерано, сетете се на последниот пат кога апатијата ве презеде и кога некои други мисли се вртеле во вашата глава: ‘Ништо не може да го разбуди мојот интерес. Се’ е бесмислено. Не ми е гајле што понатаму ќе се случи. Ништо не е важно.

Таа неподнослива летаргија влијае на човечкото сознание. Го искривува фокусот. Не можете да се насочите или да ги задржите информациите. Меѓутоа, сенката на апатијата уште повеќе влијае на вашите емоции. Толку, за да можете да се запрашате дали ги чувствувате симптомите на депресија.

Овде мора да се разјаснат две работи. Иако е вистина дека депресијата понекогаш доаѓа со апатија, тоа не мора секогаш да биде така. Апатија не е секогаш последица или причина за депресија. Апатијата сама по себе не е директен показател за депресија. Затоа, кога и да почувствувате присутност на оваа состојба, откријте од каде доаѓа и зошто.

Извор: exploringyourmind.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: