Откажете се од луѓето за кои не сте важни

Откажете се поради сите ситуации поради кои се чувствувате лошо, од луѓето кои не се грижат за вас. Откажувањето не е лесно, тоа е важен чекор во кој се чувствуваме несигурно и полни сме со сомнеж. Сепак, има моменти кога немаме друг избор ако сакаме да го сопреме страдањето.

Тешко е да се пуштат луѓето кои во минатото биле важни за нас. Сега повеќе не гледаат во нашиот правец, нивните цели не се поклопуваат со нашите. Што сега ни даваат? Поврзаноста со нив само ќе не’ натера да страдаме и ќе не’ спречат да одиме напред. Затоа, најинтелегентното решение е откажување. Тоа не значи дека сме слаби. Понекогаш тоа покажува дека сме доволно силни да отпуштиме. Откажете се поради почитувањето кон вас самите.

Колку пати сме разговарале за преубавата метафора со возот? Тоа е воз во кој ние сме протагонисти, во која луѓето се качуваат и остануваат во возот, додека други одлучуваат да излезат по неколку станици. Ние само ќе поздравиме некои луѓе. Со другите, меѓутоа, ќе го поделиме нашиот пат и ќе тргнеме во многу подлабока врска.

Што се случува со луѓето кои ни се важни? Би сакале да останат во нашиот воз и никогаш да не излезат од него. Меѓутоа, не можеме никој да присилиме да не’ следи до крајот на нашето патување. Многу од овие луѓе ќе излезат од овој воз и тоа од почеток ќе биде многу лошо. Меѓутоа, со време ќе сфатиме дека мора да научиме да ги пуштиме, бидејќи никој не ни припаѓа нас.

Да се прифати ситуацијата која нема иднина само ќе направи да се чувствуваме лошо. Даваме се’ што имаме за однос кој нема иднина. Секогаш ни зборувале да даваме, а ништо да не очекуваме. Сепак, проблемот ќе почне кога оваа динамика ќе стане навика и ние ризикуваме да бидеме повредени, удирајќи повторно и повторно во ист ѕид.

Да се откажете од некој кој бил важен е многу тешко. Откажувањето од личноста е чин на самољубие. Мора себеси да си дадеме прилика да ги излечиме раните кои се создале од тој однос кој не бил плоден. Само на тој начин ќе можеме да се сретнеме со други луѓе и да откриеме дека постојат оние, кои навистина ќе ни подадат рака и слободно ќе не’ следат низ нашиот живот.

Не бидете сигурни во чувствата на другите. Понекогаш чувствата на личноста се менуваат, но сепак не не’ напуштаат. Тоа често се случува во односите, каде љубовта се сведува на страст, но и покрај тоа се трудиме да останеме заедно.

Понекогаш немаме храброст, бидејќи сте се ‘навикнале’ да бидете заедно. Во други случаи, меѓутоа, се мисли дека партнерот не е виновен што повеќе не е сакан. Главниот проблем во оваа ситуација е што двата партнери страдаат. Еден од нив ќе биде празен, бидејќи неговиот партнер повеќе не ги задоволува неговите потреби, додека другиот ќе се чувствува врзан, бидејќи е со личноста кон која не чувствува ништо.

На овој начин, не е чудно да се искажува чувство на фрустрација и да се јавуваат непогрешливи сигнали кои укажуваат дека сега се’ е завршено: Тој повеќе не се грижи за вашите потреби, посебно од емоционална точка на гледање. Искажувањето на чувствата сега се дел од минатото и затоа се чувствувате осамено и напуштено.

Тој не ги зема во предвид вашите идеи или критериуми и затоа почнува да носи одлуки за себе. Често, се’ ова треба да ги задоволи и неговите лични потреби. Вие сте тие кои ја одржувате врската на површина, давајќи се’ од себе. Ако во одреден момент престанете да давате, знаејќи дека нема ништо да добиете за возврат, односот ќе заврши. Ќе се чувствувате понижено, критикувано.

Вашиот партнер ќе почне да се одалечува од вас без видлива причина. Наеднаш она што бил ваш извор на незадоволство, станува ваша најтешка порота. Кога страдате затоа што сте се откажале од некој, запомнете дека нема поголемо страдање од откажувањето од себе. Од некои причини вие повеќе не сте приоритет за таа посебна личност и тоа ве боли.
Запомнете дека откажувањето е доброволен чин, дури и ако тоа не го посакувате. Меѓутоа, мора да донесете ваква одлука за да избегнете уште поголемо страдање.
Во животот често ќе се најдете во ситуации кога ќе мора да одлучите да се откажете од партнерот, пријателот, па дури и семејството. Научете да кажете збогум, за да сфатите дека разделбата е позитивна за вас, тоа е стварност која ќе ја разберете само со искуство.


Извор: https://lamenteemeravigliosa.it/rinunciate-persone-non-importanti

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: