Што значи енергетско врзување?

Дали ви се случувале ситуации во животот, откога ќе се раздлите со некоја личност, во следните неколку години да се сеќавате на неа? Обидите да ја извадите од глава и своите мисли, завршуваа секогаш исто, вие и понатаму размислувате за неа.

Виновник е цврстата енергетска врзаност, која се формира меѓу вас. При било каква комуникација меѓу луѓето се формира енергетски контакт. Комуницирајќи, ние создаваме енергетски канали, преку која оди размената на енергија. Понекогаш ќе речеме:’ Јас сум врзан за него/ неа’, без да се сомневате колку тие зборови буквално ја одразуваат суштината.

Кога човек е зависен од нешто или некој, кога страда душевно или се појавуваат негативни емоции, може да се зборува за постоење не енергетско врзување. Врзување- тоа е енергетски канал, кој се формира во текот на интеракцијата на човекот со други луѓе, предмети.

Прво треба да разграничиме два поими: енергетски канал и енергетско врзување. Тоа не е исто. Енергетските канали се појавуваат како што е наведено, во текот на комуникацијата помеѓу двајца луѓе и преку овие канали се одвива размена на енергија. Без енергетските врски со другите луѓе, човек не може да опстане, тие не смеат да се тргнат, тоа ќе ја наруши човечката природа.

Врзување- е исто така канал, но овде се работи за енергетско пореметување. Овој канал е изграден врз основа на зависноста на човекот од некој или нешто. Се пореметува правилниот проток на енергија, односно, човек кој има врзаност, станува енергетски неслободен.

Така во текот на животот, ние создаваме врзаност за работи, настани, а тоа го спречува нашиот развој, не’ прави зависни и другите се во можност лесно да управуваат со нас.

Примери за врзаност:

Сожалување, желба да се помогне, спаси. Многу луѓе се фаќаат за тој мамец. Сметајќи дека прават добро дело, човекот може долги години да го храни енергетскиот ‘паразит’ и при тоа да мисли дека без неговата подршка, тој нема да преживее. Ова е паразитски однос.

Навреда. Ова чувство се смета за едно од најсилните негативни влијанија на здравјето. При навреда, човекот постојано во мислите се враќа на оној кој го навредил, великодушно одавајќи ја при тоа својата животна енергија.

Освета, желба да се докаже својата исправност. Тешко е да се заборави и човекот да пушти, нешто кое секојдневно се врти по главата, правејќи план на освета, замислувајќи што ќе каже, каков ќе биде неговиот израз на лицето итн.

Чувство на вина. Овде се работи за агресија, насочена кон себе. Ова е лишување на себеси на правото на грешка. Чувството на вина е непродуктивна емоција, бидејќи човекот не може да го исправи направеното, а се користи со самоказнување. Поединецот кој ја чувствува својата вина во односот на другиот, често размислува за тоа како може да го замоли другиот за простување и што може да направи да се искупи. Резултат е силно врзување.

Материјална загуба. Невратени долгови ве врзуваат доволно долго време, па затоа ослободете се од врзаноста за пари и работи.

Чувството на обврска да се врати направената услуга. Овде исто така постои чувство на долг, но нематеријален долг. ‘Сега сум јас твој должник’ – зборувајќи еден човек кон друг, создава силно врзување. Долговите мора да се вратат, но ние заборавивме дека другиот човек доброволно направил добра работа за нас, а во тој случај доволна е искрена благодарност.

Луѓето живеат заедно, а всушност се странци, веќе влегуваат во таа фаза, а не можат да тргнат понатаму, бидејќи се врзани еден за друг. Или еден од партнерите веќе одамна ја надминал таа врска, мора да оди понатаму, а другиот не му дозволува да се развива. Што е причината за вакво врзување во овој случај?- Навика, чувство на должност, обврски, грижа за децата, врзаност за заеднички имот, сожалување за партнерот (како ќе му биде без мене). Било што само не Љубов.

Потребата да се поседува друга личност, зависност, страст, љубомора итн. Човекот постојано размислува за предметот на желба, мечтаење за неа, силна потреба да се добие. Нему таа му е потребна и ништо околу себе не гледа. Не треба тоа да се меша со љубов. Љубовта не го скратува правото на слободата на другиот.

Невозвратена љубов. Тоа е толку долготрајно суптилно- материјална структура која може сериозно да го наруши човечкото здравје, цедејќи го сиот сок од него. Таквата состојба исцрпува и тој кој сака и оној кој е сакан.

Најтрајно е родителско врзување.

Откога ќе ја тргнете врзаноста, ако вложите напор, најверојатно повторно ќе се појави ‘оној кој ве врзува во вашиот живот’, потсвесно ќе почувствува дека престанавте да го храните. За конечно да се ослободите, мора да осознаете, со кои емоции го создавате и храните. Потребно е да го тргнете својот негатив, да се прифати другата личност таква каква што е, да му простите и да го испратите со Љубов.

После тоа може да се тргне врзувањето. Ако ви е тешко тоа да го направите тоа, размислете дали сакате до крајот на овој живот, да ги чувствувате негативните емоции кон таа личност? Вие ќе се среќавате низ животот додека не го решите тој проблем, повторно доживувајќи разочарувања.

Тргањето од врзувањето не подразбира ослободување од врската. Ослободувајќи се од врзување, не престануваме да се сакаме едни со други! Ќе стекнеме слобода и ќе му дадеме на друг слобода, сам да располага со својата судбина. Тоа и е безусловна љубов. Може да се сака се’ што сакаме и да се биде слободен од врзувањето за тоа.

Автор: Ирина Федорова

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: