Што сака мажот да види во жената?

Првиот чекор е да знаете што сакате. Ако тргнете на патување, мора да знаете каде сакате да стигнете. Инаку, само ќе се возите во круг и никогаш нема никаде да стигнете.

Ова се некои работо кои јас ги барам во жената. Идејата е некои истомисленици да се пронајдат и оние другите кои ќе добијат поглед од уште еден агол. Целта без план е само желба.

Себеси се сметам за емоционално зрела личност и сакам жена која е емоционално зрела. Значи, живеела, има лузни. Разбира, дека благодарејќи на тие лузни и тешки ситуации, сега е подобар човек. Знае дека лузните ја прават посилна, отколку порано. Дека ја прават покомплетна, отколку порано. И ја сакам уште повеќе, бидејќи тоа го дели со мене.

Нема да се обидувам да бидам ‘спасител’ и не сакам таа да инсистира на тоа. Не затоа што не сакам да ја ублажам состојбата, туку затоа што знам дека тоа ќе донесе моментално олеснување. Наместо тоа, ќе бидам до неа и ќе направам се’ што можам да ја поддржам на нејзиниот пат.

Сакам да одам подлабоко од она ‘Сакам да има добра смисла за хумор’ и ‘да сака да патува’. На долги патеки, тоа воопшто не е важно. Сакам во неа да ја видам сржта на човекот. Сакам жена која разбира дека е досадно да се биде совршен. Дека тоа е далеку од реалното.

Ја сакам онаа која не се срами да ги дели своите несовршености со мене. Ја сакам онаа која не се плаши од своите недостатоци. Поточно, онаа која понекогаш се плаши, ама функционира и покрај се’. Не се плаши да ми укаже на моите несовршености. Разбира дека не сум совршен и дека сакам максимално да напредувам поради себе и неа.

Во некои моменти, страста да дојде веднаш по кислородот. Тоа да ја храни. Жената која се грижи за другите и истовремено се сака себеси. Разбира дека е важно таа да биде среќна, за да допринесе на среќата на другите. Сакам жена која е отворена и сака да се развива, како индивидуалец и како дел од парот.

Нејзиниот збор и чесност е од огромна важност. Жената полна со страст, што и да значи тоа за неа. Само да има многу од тоа. Да ја храни. Да ужива во секој ден и да не е исклучиво фокусирана на иднината. Секогаш да е подготвена понатаму да се развива и да ужива во тој процес.

Да ми дозволи да се грижам за неа. Јас ќе работам многу мали работи секој ден за да ја усреќам. Да и’ удоволам. Тоа е еден од начините за да и’ покажам дека ја сакам и дека мислам на неа. Таа ќе го прави тоа исто. Или ќе ме научи како таа покажува љубов, за да можам да ја почувствувам.

Сакам жена која е нежна и брижна. Жена која разбира дека ми е потребно да ја допрам, дека тоа е еден од начините во кои се чувствувам блиско со неа. Сакам и таа мене така да ме допира. Иако ми го дава своето срце и душа, го сакам и нејзиното тело. Таа го разбира своето тело, ужива во него. Свесно ми се предава, бидејќи знае дека јас истовремено да го третирам нејзиното тело како подарок и дека исто така, ќе дозволам, гладот за неа да ме повлече.

Иако ми го дава своето срце и душа, го сакам и нејзиното тело. Знае дека и покрај тоа што сме испреплетени со душа и тело, таа и понатаму е убава и цела како индивидуа. Жена која разбира дека љубовта на долги патеки е избор. Тоа не е нешто што може да се земе здраво за готово и мора да се негува со многу внимание.

Сакам жена која е горда на мене, како што сум и јас на неа. Која ме поддржува и ме турка кон облаците, кога е тоа потребно. Исто како и јас неа. Сакам жена која ми е најдобар пријател. Некој кој разбира дека имаме заедничко време и секој има време за себе. Да можам да бидам слободен во секој момент пред неа, бидејќи знам дека со неа сум потполно сигурен.

Жената која разбира дека овие се сите работи кои и јас ќе ги донесам со себе во врската. Ќе се обидувам за некои работи повторно и повторно, безуспешно. Ќе има многу тешки денови, многу денови кога нема да успеам. И кога таа нема да успее. И тоа е ОК, додека сме заедно и се трудиме да успееме.

Ова не се вообичаени работи кои ќе ги слушнете од мажите (или жените), што сакат од партнерот. Или, ако дојде до оваа тема во разговор, малку е веројатно дека толку многу ќе се отворат едни кон други. И ви советувам да не ги ‘вадите’ сите овие работи веднаш, бидејќи ќе биде малку чудно. Кога ќе знаете што сакате, тогаш тргнете чекор по чекор.

Душан Срдиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: