Не те сака, ако повеќе не те гушка спонтано, не разговара со тебе за ситници..

Ана Кирјанова е позната како една од најдобрите психолози во Русија. Ова е нејзиниот заклучок за мажите кои не ги сакаат своите сопруги.

Не те сака, ако повеќе не те гушка спонтано, не разговара со тебе за ситници, не ти се јавува да провери дали си добро во текот на денот.

Не те сака, ако не можеш да сметаш на негова помош. Кога треба да се грижиш за него како да е дете од пет години, а не маж од 45 години.

Не те сака, кога те навредува. Кога не те забележува, ниту пак твојот труд и работа. Кога ќе ти каже дека јадеш многу или дека не може да го јаде твоето јадење како што тој навикнал.

Не те сака, ако ти се меша постојано во тоа што го работиш, ги подметнува своите одлуки како твои, кога ќе ти каже дека зборуваш глупости, дека не размислуваш со своја глава, дека си глупава ако мислиш така…

Не те сака, ако ти каже: ти си виновна. Кога ништо не одобрува што ќе направиш или кажеш.

Не те сака, бидејќи за секое ‘те сакам’ мора да го премолиш.

Ако не те сака мажот, ти со текот на времето ќе станеш тажна, нерасположена, несигурна, тивка- бидејќи во тоа жената ќе се претвори кога нема љубов.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: