Што си должиш себеси, а не на другите?

Ти си она што размислуваш во текот на денот. Ти си исто така и она што ќе си го кажеш себеси во текот на денот.

Ако кажеш дека си стар и уморен, таа мантра ќе се манифестира во твојата надворешна реалност. Ако кажеш дека си слаб и ти недостасува ентузијазам, тоа исто така, ќе биде природата на твојот свет.

Но, ако кажеш дека си здрав, динамичен и полн со живот, твојот живот ќе се промени. Сфаќаш, зборовите кои ги кажуваш за себе, ќе одреди какви акции ќе превземеш. На пример, ако претставата која ја имаш за себе зборува дека ти недостасува самодоверба за да направиш било што вредно, ти ќе бидеш во состојба само да се занимаваш, со работи кои се во склад со тоа.

Од друга страна, ако твојата претстава за себе вели дека ти си прекрасна личност без страв, повторувам, сите твои акции ќе одговараат на тој квалитет. Сликата за себе никогаш нема да дозволи да се однесуваш на начин кој не е во согласност со неа.

Прекрасна работа е што можеш да ја промениш сликата за самиот себе, како што можеш да промениш и се’ друго во својот живот ако тоа не заслужи промена на подобро. Мантрите се убав начин да се оствари.

Робин Шарма

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading