Еден ден ќе сфати дека се’ упропасти и ќе посака да те врати назад..

Луѓето знаат кога нешто ќе упропастат. Дури и ако се однесуваат како ништо да не се случило, ниту дека нешто погрешно направиле. Можеби се прашуваш дали навистина во тоа веруваат, дали повторно ја испишаа историјата, за да бидат овој пат позитивни.

Верувај ми, тој знае што направил. Можеби не утре, ниту за еден месец, но ќе дојде денот кога тоа чувство во стомакот кој тромо се буди, ќе почне да го јаде. Ќе ги бара трагите на своите грешки, ќе го интересира дали си среќна или уште тагуваш по него.

Можеби ќе ти испрати порака. Таа се чини секогаш невина. Едноставна порака од типот: ‘Како си?’ Но, ти не забораваш како те уништи или подобро речено- како се обиде.

Еден ден ќе сфати дека се’ упропасти. Тоа сознание толку ќе го погоди што во очај ќе се обиде да го врати времето и да поправи се’ што направи. Ќе се обвинува што те изгуби. Ќе се сеќава на секој ваш заеднички момент, мислејќи колку животот беше убав, кога те имаше покрај себе. Ќе се мрази поради тоа.

Еден ден ќе те посака назад. Ќе ги подаде рацете кон тебе во надеж дека не е прекасно. Ќе ти каже дека бил глуп, идиот, но никогаш нема во потполност да ја превземе одговорноста. Ќе ги каже потребните зборови, но зад нив нема никогаш да стои.

Еден ден ќе ти даде се’ она, за што толку ноќи молеше со солзи. Но, тој ‘Еден ден’- тебе ќе ти биде сеедно.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: