Зошто е опасно кога жената ќе ја разочараш?

Ме изненади тој женски инает. Поцврст од камен, поголем од планина, потраен од упорноста. Нивниот инает претежно ќе се разбуди по некое разочарување и потоа ќе те погребаат. Колку и да ги бараш, ќе те сметаат за мртов. Што и да правиш, нема да можеш да бидеш ист во нивните очи, нивната глава и нивното срце. Ќе те избришат како никогаш да не си постоел, а си бил смислата на нејзиното постоење.

Вистина, не се луѓето мали букви на хартија за да ги избришеш со гума, но затоа, некои луѓе се вистинско ѓубре. Но, добро е познато каде им е местото. Во канта за ѓубре. Ги фрлаш и се чувствуваш полесно. Лесно дишеш. Не ти паѓа на памет да ја повторуваш истата грешка. Уживаш кога си сама, иако можеби со години од неа бегаше, зборувајќи дека осаменоста е пекол.

Напротив, некои луѓе се пекол. Да се биде сам не е срамота. Да се биде со било кој, тоа веќе да. Затоа е опасно кога жената ќе ја разочараш. Ќе ти се чини дека се претворила во чудовиште, безчувствителен монструм, одбојно недопирлива- што е многу погрешно.

Знае таа да сака. Може да понуди безусловна љубов. Да го вложи последниот атом на сила. Само, не сака. Ќе го прифати само оној ,кој ќе го направи истото за неа. Осаменоста е избор, не морање.

Кога мажите би можеле да ѕирнат во женската глава, барем за кратко, ќе видат дека жените речиси никогаш не се она што се претставуваат. Можеби се чини на прв поглед дека се само свои, го туркаат секој кој ќе им се приближи и немаат потреба за врзување. Но, тоа е обична замка. Тие имаат огромна потреба, само не со било кој. Нив не им смета осаменост, научија да преживуваат без помош од никој.

Научија и да чекаат слични на нив, со оглед што имаат полн кофер различни ‘будалетинки’ и алчни примероци. Дури кога доволно ќе се зближите со таа жена, ако ви дозволи, ќе го видите нејзиното вистинско лице. До тогаш не знаете ништо, освен нејзиното име и надворешниот изглед.

Одвнатре е сосем поинаква. Поубава и повредна. Чиста. Ако допреш до тој нејзин дел, добро замаскиран, сметај дека си успеал. Ќе ти припаѓа со цело свое битие. Но, тоа не е ниту малку едноставно. Човекот мора да вложи многу труд, за да дојде во најскиените женсли одаи.

Посебните жени не се освојуваат преку ноќ. Посебно не преку лажни ветувања. И кога ќе успееш да ја освоиш, ќе ти дозволи да ја пазиш и да ја чуваш. Ќе те сака како никогаш порано. Бидејќи само тоа се нарекува среќа. Се’ друго се минливи авантури во кои вистинските дами не се впуштаат лесно.

извор: pozitivan stav

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: