Опасна и дива: жената која е ‘премногу’

‘Премногу’ жена..таа ги тера луѓето премногу да размислуваат, да чувствуваат и да се замараат. Тоа го прави со својата автентичност и самодоверба, начинот на кој оди. Се смее искрено, има незаситен апетит и афинитет кон огнена страст. Сите очи се вперени во неа, во оваа атрактивна дива жена.. Еве ја…жена која е ‘премногу’ .

Таа која премногу сака, чувствува, прашува, посакува. Еве ја, повторно зема премногу простор со својата насмевка, со своите облини, својата искреност и сексуалност. Нејзината присутност е висока како стебло, широка како планина. Нејзината енергија зазема премногу простор. Таа е опасна.

Ох, таа ‘премногу’ жена.. многу гласна, жива, искрена, многу, многу емотивна, паметна, интезивна, преубава, претешка, многу чувствителна, дива, страшна, многу успешна, пресилна, радосна, полна со барања.

Треба малку да се смири и да се намали. Некој треба да ја испрати на место каде што ќе биде почитувана. Некој треба да и’ каже…’Овде сум’..

‘Премногу’ жена со многу нежно срце и со многу емоции. Хедонист, емпат, во потрага по радост и задоволство. Етикетирани се како жени кои многу бараат, бидејќи сакаат тоа што сакаат. Ги нарекуваат застрашувачки поради просторот кој го заземаат. Себични затоа што се сакаат. Вештици бидејќи знаат како да се исцелат.

Но, не грижи се, ти ‘премногу’ жена. Само биди таква и покрај се’. Сакај, чувствувај, прашувај, рескирај, заземај простор. Се плашат од жените кои се ‘премногу’. Од начин на кој бараш почитување и ја носиш вистината на своите чувства.

Несвесно се обидуваме да ја задушиме ‘премногу’ жената, во своите сестри, сопруги, ќерки. Дури и сега, денес, некои се срамат да бидат ‘премногу’, поради големината на желбата и страствениот табиет.

И сеуште …таа жена расте и зајакнува. Ако некогаш се случило да те нарачат ‘премногу’ , претерано емоционална, кучка или вообразена, веројатно си и ти жена која е ‘премногу’. Но, и ако си…Те молам, гушни го она што си- сета своја длабочина, сета своја големина; не се сокривај и никогаш не се напуштај себе, својата големина и сјај.

Заборави за се’ што си слушнала, бидејќи да се биде ‘премногу’ е твој подарок; о да, оној кој може да исцели, мотивира, активира, стимулира, ослободува и доаѓа од срцето. Не се плаши од својот дар и не давај некој од тоа да те отргне. Твоето ‘премногу’ е магија, тоа е лек кој може да го промени светот.

Затоа те молам, жено која си ‘премногу’. Прашувај. Барај. Посакувај. Сонувај. Расти. Цветај. Делувај. Чувствувај. Биди.. Затоа станувај… бидејќи си потребна.

Автор: Ev’yan Whitney

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: