Дали ве ‘трујат’ со идејата – Биди позитивен?

Слушате веќе безброј пати, како треба добро да се чувствувате, за да ја одржите високата вибрација, за да манифестирате желба. Наутро, кога ќе се разбудите, се препорачува благодарност и добро чувство, но и во текот на целиот ден.

Но, колку пати ви се случило, да дојде некоја фаза на лоши емоции, без потекло, која не можете да ја објасните и што е најважно, против неа не можете многу. Емоции на ниска вибрација, лоши чувства. Дали сте се запрашале, која сила тогаш управува со вас и што всушност се случува? Дали во таа фаза успеавте да го промените фокусот и подобро да се чувствувате?

Зошто е тоа така? Некако секогаш верував дека постои нешто повеќе над нас, но тогаш не знаев точно што. Мојата потрага не траеше долго, бидејќи прво заклучив дека моите негативни емоции, кои ќе се појават одеднаш, дефинитивно не им е местото тука, односно се случуваат без причина.

Од друга страна, бев свесна за себе и никој, не можеше да ме увери дека јас со својата слободна волја, управувам со сите состојби кои ќе ми се појават, со тоа што во моментот кога ги чувствувам негативните емоции, имам волја и желба за спротивното. И не само емоциите, туку и ентузијазмот во врска со нешто.

Верувам, дека се знаете добро себеси и дека знаете кога нешто е неосновано, а кога не е. Тогаш кога во животот ќе дојде емоцијата која е негативна, а реално, за неа немате никаква причина, тогаш вашиот Свемир, вашата интелигенција, по пат на емоции, јавува дека во вашиот живот, доаѓа некоја ситуација која може да биде доста лоша по вас, па сака да ве предупреди за тоа.

Тогаш емоцијата ви јавува, дека размислувате на начин, кој не е во согласност со вашата душа, како и решението, за некоја ситуација, која моментално е актуелна кај вас.

Затоа за решавањетоо и разбирањето на пораките кои ви ги носи емоцијата, важно е да се концентрате на неа. Да и ‘ се даде внимание, бидејќи таа нешто пренесува.

Седнете сами со себе пет минути. Концентрирајте се на таа емоција која ве мачи а потоа, обратете се кон својот Свемир и прашајте го: што оваа емоција сака да каже?

Бидете подготвени за примање на пораки. Таа може да дојде по пат на мисли, по пат на пораки или низ искуство кое ќе го привлечете во следните неколку дена.

Извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading