За жал, жените со добро срце не се почитуваат

Ако жената има добро срце, тоа не значи дека е будалетинка или наивна. Таа ги гледа истите работи како и другите. Може да ги разликува чесните луѓе од лажните. Таа знае за кого всушност е интересна, а кој сака само да го наметне својот став. Таа се’ разбира, но сеедно не се менува и не дозволува другите да влијаат на неа.

Жената со добро срце лесно пронаоѓа љубов, бидејќи бара вистински, трајни врски. Посакува да пронајде партнер кој ќе и’ стане најдобар пријател. Таа бара некој кој ќе ја прифати онаква каква што е и на која ќе и’ дозволи да ја покаже својата љубов онака како што сака. Оваа жена односот не го третира како игра и не манипулира.

Добрата жена со срце нема слаб карактер, знае да прости. Смета дека сите заслужуваат втора прилика. Таа гледа што е во луѓето најдобро и верува дека секоја личност може да згреши. Сите правиме работи за кои подоцна ни е жал, но од нив учиме. Секој може да го почне својот живот од почеток.

Добрата жена со срце не е водена по правила, туку од човечко чувство. Не и’ треба личност за да и’ каже каква треба да биде, бидејќи се сака себеси каква што е. Својата добрина ја третира како благослов. Знае дека добрината нема секогаш да и’ биде од корист, но сигурна е дека на крајот овој квалитет ќе ја одведе таму каде што посакува.

Добрата жена со срце, нема да влијае на мислењето на другите луѓе. Знае дека лошите ќе ја критизираат, но секогаш ќе се чувствува на чекор пред другите. Секогаш ќе биде поврзано со нешто духовно и длабоко. Таа му верува на Бог и гледа нешто убаво во секоја ситуација. Таа гледа убавина во болката и ќе најде начин да биде добра дури и ако и’ биде тешко. Ќе одбере љубезност дури и ако се соочи со непријателски став.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: