Како мажот манипулира со вас а за тоа не сте свесни

Тенка е линијата помеѓу партнер кој се однесува кон вас заштитнички и оној кој е доминантен и ја превзема контролата над вашиот живот. Проблемот обично почнува со нежни опомени, кои по некое време се претвораат во контрола, а партнерот може да стане и насилен. И се’ се одвива многу перфидно.

Вака мажот манипулира со вас: на пример, тој може да открие кои се вашите болни точки и кога ќе ве фати во момент на слабост, се поставува како најпрекрасна личност на светот и ќе ве увери дека се сите против вас, а само тој единствено ве штити. Важно му е да ве изолира, па потполно да се потпрете на него. Често ќе го оцрни вашето семејство или пријателите, само да ве одалечи од нив. Кога ќе сфатите дека тој е негативецот, веќе е доцна.

Меѓутоа постојат суптилни знакови кои ве предупредуваат на тоа дека станува збор за таков тип на личност. Се труди исто така и емоционално да ве ослаби и не е исклучено да почувствувате како сте подготвени да попуштите и да престанете да се дружите со луѓето кои ги сакате само тоа него да не го вознемири. Но, не го дозволувајте тоа, бидејќи добива токму она што сака- потполна контрола на вашиот живот.

Внимавајте и на болната љубомора, драматизирање поради тоа што вие не го сакате колку што тој ве сака, како и на тоа секогаш да ве натера да го смените мислењето за нешто, бидејќи е тој оној кој е во право.

Вака мажот манипулира со вас и обрнете внимание:

– Кога вас ви е лошо, нему му е подобро. Можеби досега не сте сфатиле, но како вас ви станува непријатно во друштво на другите, така тој е позадоволен и се чувствува сакано. Тој е вашиот човек за се’, треба да му ги кажете сите проблеми прво него, без оглед дали може да ви помогне или не. Ако повикате некој друг, ќе биде бесен.

– Се’ што прави, вас ве збунува. Еден час е нежен и грижлив, па потоа е бесен бидејќи не е по негово и сами себеси се уверувате дека таа негова страна треба да ја занемарите бидејќи сепак ‘многу ве сака’…

– Или сте со него или сте виновни. Можеби тој тоа нема да ви го каже, но ако одлучите да поминете време со некој друг, ќе ве натера да се чувствувате лошо бидејќи го ‘игнорирате’. Се однесува како да е сосем нормално да му припаѓате. И што повеќе се трудите да се изборите за свој простор, тој очајнички да се обидува да ве зароби.

– Емоционална манипулација. Ако вашиот партнер, член на семејство или блиска личност, покрај кој се чувствувате лошо, се плашите нешто да го прашате или нешто да му кажете, а не пак да му се спротиставите, бидејќи никогаш не знаете како ќе реагирате, можеби станува збор за емоционален злосторник. Таков човек без посебна причина ќе ви одржи предавање во кое ќе ги наброи сите ваши мани и ќе донесе заклучок дека за вас нема помош бидејќи сте изгубен случај, глупи за било што да сфатите или сте крајно неспособни.

Со тоа ви се уништува самопочитта. Не е исклучено дека ќе ви ги пикне под носот луѓето кои се позгодни или поуспешни од вас, а ако некогаш се обидете да покажете отпор кон таквото мислење и одлучите да го напуштите, веројатно ќе падне на колена да се извини за да ја придобие вашата љубов. Меѓутоа, сето тоа ќе потрае само до првата следна прилика за ново емоционално злосторство.

Извор:haber

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: