Најлесно е да се издереш на некој, но што ако е тоа капката што ќе ја прелее чашата?

Дали некогаш си се чувствувала лошо? Но, баш лошо, за да не знаеш од каде да почнеш. Верувам дека да. Верувам дека сите во некој дел од животот сме биле едноставно изгубени. Со колку луѓе искрено си разговарала за тој проблем? Она кога потполно ја отвораш својата душа. Можеби со еден или двајца или воопшто со никој.

Вистина е дека не сакаме да ги замараме луѓето со вистинските проблеми кои не’ мачат, а реално, кога ја отвораш душата си посебно ранлив. Вистина е дека многумина не ги интересираат нашите проблеми, бидејќи си ги имаат своите. Малку ќе се пожалиме едни на други и тоа е тоа, често не одиме во длабочина.

Понекогаш ниту сами не знаеме кој е вистинскиот проблем бидејќи, ниту со себе не се занимаваме така длабоко. Се’ што во тој момент знаеме дека нешто не е во ред. Чувствуваме дека енергијата не е како што треба. Во себе ги трупаме проблемите и ги пикаме по фиоки толку долго, додека не почнеме да лудуваме на ситници и да ја чекаме капката која ќе ја прелие чашата.

Можеби во еден момент во животот си била на дното без некој тоа да го знае. Сега замисли колку има такви луѓе околу тебе. Можеби некој кој ти се чини највесел се бори со своите најстрашни демони. Никогаш не можеш да знаеш со сигурност. Но, има една работа која сигурно ја можеш.

Секогаш можеш да бидеш добра кон другите. Знам, кон некои луѓе е многу тешко да се биде добар, но верувај ми дека нив најповеќе им треба добрина и топлина. Секогаш можеш да бидеш пристојна кон другите. Понекогаш е доволно едно ‘Добар ден’ и насмевка на лицето за убав ден.

Не сме ниту свесни колку можеме да влијаеме на другите, ниту колку ситницата може да биде голема. Не сме ниту свесни колку промени може да направи еден збор во вистинско време. Не мора ниту да биде збор, понекогаш е доволно луѓето да знаат дека сме тука за нив и дека сме подготвени да слушаме, иако можеби не го разбираме тоа низ кое поминуваат.

Затоа биди добра личност. Прифаќај ги и оние кои не ги разбираш. Најлесно е да се смееш и да критикуваш нешто што не ти е јасно. Кажи со убав збор ако за нешто не се сложуваш. Најлесно е да викаш и да навредуваш. Најлесно е да се ‘истуриш’ врз некој, но што ако тој момент се бори со своите демони? Што ако токму таа капка ќе ја прелие чашата? Дали некогаш си размислувала за тоа?

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: