Како да се сака скршена жена?

Таа е скршена со причина и никогаш не дозволувај да биде само тоа. Скршена е, но верна, добра и прекрасна. Таа е жена која може да те сака како што ниту една друга не може.

За секоја личност која ќе покаже дека се грижи- оваа жена ќе остане..Делува очајнички, но од минатото научи дека зборовите на крајот се користат како оружје, за да уништат нечие срце. Секако дека секој ќе и’ каже дека ќе остане. Таа ќе клима со главата, иако знае дека длабоко во неа сомнежот ја јаде. Ќе се надева дека овој пат ќе биде поинаку.

Колку е тешко да се сака? Само човекот кој се’ ќе рескира и ќе се обиде да ја најде убавината на лузните кои и’ го разорија срцето ќе знае.

Но, сите на крајот ќе си одат. Ќе ја остават со куршум во градите. И таа е повторно на почеток- скршена, но уште жива. Некако ќе се извлече од тоа, овој пат ќе треба повеќе од минатиот. Секој пат ќе се изгуби себе; дава љубов, а за возврат добива многу малку или ништо.

Ќе си каже сама на себе дека е добро. Тоа е лага која ќе ја повторува секојдневно, бидејќи ако во неа доволно силно ќе поверува, можеби на крајот и ќе биде добро- во наједноставната смисла на тој збор. Но, никогаш нема да биде добро. Секогаш нешто ќе недостасува. Ќе има денови кога таа ќе има насмевка и свое најхрабро лице. Ќе има денови кога нејзината насмевка ќе биде толку заразна што светот за момент ќе заборави колку е скршена.

Но, штом ќе дојде ноќта и нејзиното тело ќе се собере од исцрпеност- ќе се појави повторно нејзиниот постојан пријател- очајот. Ти ќе се обидеш тоа да го поправиш. Ќе се трудиш и тоа силно, дури ќе поверуваш дека можеш.

Но, таа е скршена со причина и никогаш немој да биде само тоа. Скршена е, но верна , добра и прекрасна. Не зборувај дека ‘ја сакаш таа скршена жена’…кажи ‘ ја сакам таа жена’. Бидејќи таа не е жена која треба да добие етикета- Скршена, депресивна или во заблуди- таа е само жена. Жена која може да те сака како ниту една друга не може. Кажи: ‘Ја сакам таа жена’. Ја сакам жената која одбива да се исцели, бидејќи нема што да поправа. Можеби тоа што е скршена е дел од неа како личност.

Никој не рече дека ќе биде лесно, дека ќе нема жртви, никој не рече дека по патот нема некој да биде повреден. Но, не се ли сите големи љубовни приказни такви? Ако боли, тогаш е сурово и вистинско.

Сакај ја. Обожавај. Имај верба во неа. Смеј се со неа. Плачи. Обиди се да ги видиш работите на нејзин начин, а таа на твој. Биди задоволен со неа. Горд на неа. Викни на глас нека те слушне цел свет. Гледај како да е остварување на прекрасен сон. Посакувај ја. Вредна е за тоа. Рескирај. Покажи дека веруваш. Исполни ја празнината во нејзиното срце, можеби само ти недостигаш, за да ја направиш цела. Можеби таа ќе биде љубов за која одамна се молеше.

Извор: zdravaisretna.hr

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: