Кога за некој сте опција, а кога приоритет?

Дали сте имале ситуација со некоја личност која само ве црпи и ‘одзема’? Тука се за вас, само кога тие ќе посакаат. Вие сте за нив втор или трет план. Секогаш резерва, ако не се најде ништо подобро во тој момент.

И тогаш очекуваат да им бидете на располагање- кога ќе им се посака. И ќе наседнете еднаш, а можеби и сто пати. И секогаш повторно исто. Ако нешто кажете, секако дека не сте во право. Ќе ги свртат сите работи против вас. Вие не разбирате.

Вие едноставно не размислувате исто. Една работа останува иста, секогаш сте Вие, Вие, Вие. Никогаш Тие. И така вие давате…и своето време и енергија, наивно верувајќи им на нивните зборови колку сте им важни.

Жал ми е, но не сте. Барем не толку за да одвојат време за вас. Освен кога нив им одговара. Да не се разбереме погрешно. Имаат тие и добри моменти, кога ви се чини дека се прекрасни. Уживате разговарајќи со нив, се чувствувате дури и топло и сакано. Но, сепак, само кога тие ќе посакаат. Кога ќе почувствуваат потреба за внимание и љубов.

А кој тоа не го посакува? И тогаш вие секогаш одново давате и давате и давате, а со време се чувствувате се полошо и полошо. Додека давате, можеби нема да ‘пукнете’ или ќе изберете тоа да го држите во себе, па пукате сами во себе.

Ниту една од овие опции не е поволна за вас. Размислете. Секогаш сте некоја таму опција, никогаш приоритет. Не верувајте во зборовите. Дела. Дела. Дела.

И следниот пат кога ќе се најдете во ваква ситуација можете едноставно да кажете ‘Не’ за нив, а ‘Да’ за себе и да уживате во свое друштво и осаменост, знаејќи дека сте барем во мир. Нема ништо лошо во тоа. Секако.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: