Игнорирањето е полошо од сите удари и предавства, сите навреди и освети

Вербалните напади можат да значат дека личноста уште е свртена кон вас, нешто и’ смета кај вас, а позадината може да биде, дека сеуште нешто и’ значите..

Тоа може да значи дека ви посакува добро, дека посакува квалитетен однос помеѓу вас, кој со нешто е прекинат, дека повторно сака да го слушне вашиот глас, иако може да биде површен и иако во него се одржала лутина кон вас.

Кога ќе почне игнорирањето, тогаш ќе почувствувате колку болката од вербалниот напад е мала болка, во однос на интензитетот на болката и чувствата, која ви ја буди личноста, која ја свртува главата од вас, го избегнува вашиот поглед, не обрнува внимание на вашите зборови, избегнува да го изговори вашето име и слично.

Голема е болката во односот, која ве тера на преиспитување на се’, но тоа преиспитување не смее да заврши со одлука, автоматски себе си да се прогласите за виновник, туку навистина да ги согледате своите вистински причини, зошто сето тоа се случува.

Кога почнува игнорирањето, тогаш ќе почувствувате колку другите станале нечувствителни на ваши пораки, колку се безлични во погледот и како, игнорирањето е полошо од сите удари и предавства, сите повреди и освети.

Сфаќате дека игнорирањето е мрцварење на жив човек. Треба да се каже каде е грешката,само не претворање на односот во пекол.

Не се плашете од вербалните напади, плашете се од игнорирањето! Но, ако го доживеете- излезете од него како победник. Кажете дека ја препознавате валканата игра и нема да го негувате односот, кој всушност е илузија.

Не трошете енергија. Покажете колку се почитувате себе си и нема да дозволите, некој кон вас така да се однесува, бидејќи не заслужувате. Свртете нова страница на животот и на односот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: