Ти посакувам, никогаш да не го почувствуваш пеколот на болката низ која поминав, сакајќи те тебе

Ти посакувам…ти посакувам, никогаш да не го почувствуваш пеколот на болката низ која поминав, сакајќи те тебе. Ти посакувам, никогаш на своја кожа да не ја почувствуваш, јачината на вонземската болка. Тоа дури не е ни болка, тоа е состојба на губење на разумот, лудило, потребата да исчезнеш, да те нема. Тоа е состојба, кога го губиш допирот со стварноста, со самиот себе.

Ти посакувам, никогаш да не ја почуствуваш разорната болка во градите, болка која те крши на илјада делови, ти го пара стомакот, те фрла на колена. Болката поради која стануваш некој кој не си, не се препознаваш.

Ти посакувам, никогаш да не го почувствуваш непријателството на ладната ноќ, кога ќе ја победиш сета, а наутро измачен се подготвуваш за новиот ден, денот кој го презираш, мразиш се’ околу себе, а најмногу сам себе. Не знаеш дали е полоша таа ноќ или сивилото на тој ден, бидејќи убавината и раскошот на боите, не ги гледаш.

Ноќи, преплакани ноќи, а тогаш само туп израз на лицето, бидејќи солзите пресушиле, грчевито држење на твоите слики во раце, разговор со тебе, зборување на се’ она што сакам да ти кажам кога би бил тука, тука покрај мене. Ти посакувам никогаш да не ја слушнеш ‘таа’ песна на радио, бидејќи може да ја престраши болката во градите и би можел да помислиш, дека си доживеал срцев удар.

Но, верувај ми, срцевиот удар е ништо наспроти пеколот на болката која ја поминав сакајќи те. Дури во неколку наврати морав да бидам чувар на толку измачено тело, болно од љубов. Ќе се престрашиш од толку силна љубов, во чудо дека таква љубов воопшто може да постои. Но, постои, се случува еднаш во животот, еднаш и никогаш повеќе. Таквите љубови треба со Закон да се забранат, бидејќи се најмоќното оружје во рацете на оној кој го сакаш.

Ти посакувам, никогаш на твојот роденден, точно на полноќ, во мракот на својата ладна соба, некој да не ти посака најубави желби. Онака, од длабочината на срцето, топли и нежни, полни со искрена љубов.

Ти посакувам, никогаш да не мораш да поминуваш покрај местото на кое некој лудо си сакал, да не почувствуваш оштар убод во градите од горчливата болка.

Знаеш..пеколот е ништо, наспроти она што го поминав сакајќи те тебе. Се прашувам…и никако не можам да разберам, како воопшто успеав да преживеам?

Власта Јантон

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: