Ако навистина ти значам, покажи го тоа со дела а не со зборови

Сакам човек кој ќе стои зад своите зборови. Можеби е премногу да се бара такво нешто во овој денешен модерен свет, но јас на тоа инсистирам.

Те молам, не биди некој чии зборови и дела се потполно контрадикторни. Досадни се веќе луѓето со погрешни зборови и празни ветувања. Досадни се веќе тие контрадикторни. Не сакам постојано да анализирам, за да видам дали си искрен или не.

Доста ми е од луѓе кои глумат дека си им важен само за да добијат она што наумиле. Моите емоции се уморни од играње на такви игри. Тоа сакам да заврши. Сакам еднаш да почувствувам дека моето срце е во сигурни раце. Биди некој на кој во потполност можам да му верувам.

Ако те фатам како ме лажеш, тука најмногу ќе страда кршливата доверба, бидејќи тогаш ќе претпоставам дека си лажел цело време. А тоа е најбрз начин да ме изгубиш. Го барам само најосновното- едноставно мора да размислиш што ќе кажеш, а ќе го докажеш со својата доследност. Не е така тешко.

Сакам да бидам сигурна дека можам да ти се јавам било кога, дење и ноќе, кога се чувствувам депресивно или немоќно. Не сакам да бидам нечиј сончев ден. Сакам некој да смета и на бури. Никој не мора да ме спасува или да ги решава моите проблеми. Но, сакам да знам дали си личноста на која може да и’ се верува.

Сакам некој на кој нешто му значам. Сакам некој кој е доволно искрен, да ги задуши моите сомнежи. Не ми е гајле што понекогаш некои работи се тешки за слушање. И понатаму повеќе сакам вистина од лага.

Секогаш сакам да знам со кој сум и каде се наоѓаме во нашата врска. На камена земја не може ништо да се гради, бидејќи таму не расте доверба. Не можам ништо на никој да му дадам ако премногу се плашам дека тој некој ќе ми го скрши срцето. Ни требаат стабилни темели изградени на доверба кои во секој момент не’ држат во близина и на сигурно.

‘Ми е жал’ не значи многу ако постојано грешиш и повторно исто. Колку и да е добро твоето извинување, таа не значи ништо ако одново ги правиш истите болни работи. Грешки се прават, се појавуваат проблеми, но појавување на истите, значи дека кон мене нема почитување и дека не ти е гајле како твоето однесување влијае на мене.

Сакам да слушам дека сум единствена жена во нечиј живот. Не ме лажи. Не ме изневерувај. Не давај ветувања ако не можеш да ги одржиш. Тоа е цела филозофија за успешни и трајни врски. Да се биде сигурен, дека сте нечиј свет и дека тој никогаш нема да рескира она што има со вас ниту за било што, ниту за било кој- тоа е непроценливо.

Ако навистина ти се допаѓам, покажи го тоа со дела, а не со зборови. Не мора секој ден да ми зборуваш ‘Те сакам’, но она што мора да знам дека секогаш си тука за мене. Мора да останеш кога ќе ми биде тешко, не сакам да бидам со некој кој ме бара само кога ми е добро. Сакам да ја делиме нашата среќа и нашите триумфи. Сакам да сме заедно среќни. Ми треба преданост и лојалност. Потребна ми е онаа љубов која може длабоко да се почувствува, а зборовите немаат врска со тоа.

извор: Ihr Weg.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: