Да се преболи некој и да се продолжи понатаму е најтешка работа во животот

Ќе боли пеколно. Но, треба секој ден да се будиш и да го продолжиш својот живот без таа личност. Да се преболи некој и да се продолжи понатаму е една од најтешките работи во животот. Посебно ако станува збор за некој со кој планираше иднина.

Затоа е потребно да продолжиш понатаму на вистински начин. Заврши ја приказната со него и кажи му се’ што сакаше да му кажеш, колку го сакаше, колку го мразеше.. Така нема да жалиш или ‘што би било, кога би било’.

Тогаш речи му засекогаш збогум. Ако те пушти без да се бори за тебе, тогаш не е ниту вреден за тоа. Ќе боли пеколно. Дозволи си себеси да бидеш лута. Ако треба, секој ден буди се и продолжи го својот живот без таа личност.

Полесно е да се каже отколку да се направи. И затоа, само пушти времето да ги залечи раните. Времето да се погрижи за твоето срце. Еден ден ќе се разбудиш и повеќе нема да ти недостасува.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: