Бракот не е само лист хартија, бракот сте вие

Не се сите браковите темници, во некои секогаш има светло. Не се плаши! Љубовта сеуште постои. Навистина постои, само за неа ретко зборуваат. Сите зборуваат за развод и неверство. За расправии, за мажите кои креваат рака на жени и жени кои за тоа молчат. За љубовта ретко се зборува.

Не се плаши! Не се сите бракови црнила, некои ја живеат љубовта со години. Некои се сакаат. Ги има повеќе кои се сакаат цел живот, отколку оние кои се откажуваат. Навистина постојат бракови кои ја живеат љубовта. Луѓето кои ги сакаат своите партнери, жени кои ги обожаваат своите мажи, исто и кога му приготвуваат вечера и кога ќе остават валкани чорапи на подот од собата. Се сакаат и кога ќе го добијат првото дете, второ, трето и кога заостанатите сметки ја чекаат следната плата.

Не паѓај на приказните дека бракот е лист хартија и дека на никој не му должиш простување за работи кои ти одат на нерви. Бракот е љубов, но и компромис.

Не се браковите темници, во многу бракови има сонце. Вљубени во делот од својата душа, додека гушнати си зборуваат колку се сакаат. Некои бракови се толкава светлина и сила, толку си требаат еден со друг и толку многу се трудат. И кога е најтешко се гушкаат силно и знаат дека заедно ќе поминат низ сите препреки.

А ти само слушаш за разводи поради најситни причини, бидејќи денес е тоа нормално. Знаеш каде е тоа нормално? Во светот на луѓето без душа. И не се сите бракови темничишта, некои упорно го држат светлото вклучено. Некои се сакаат и чуваат.

Чувајте ги вашите бракови. Не поради селото, не поради семејството. Туку поради себе. Бидејќи не е тоа само лист хартија. Тоа сте вие. Кога ќе ви дојде темница, вие запалете светло.

Извор: Аportal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: