Можеби сѐ е една трка. Трка за пари, работа, углед, изглед, потврда од битни и небитни луѓе дека сме доволни добри, но во што се прашувам?
Можеби сѐ на моменти изгледа сурово и болно.
Можеби правдата доцни, но кој освен Господ може да знае кој е во право, кој е праведниот, можеби сите сме себични на крајот од денот.
Можеби сѐ е судбина, а можеби судбината е само изговор!
Можеби живееме во време – невреме!
Молчиме, а викаме, сѐ смееме, а плачеме!
Можеби сѐ земаме здраво за готово, но не се конците во наши раце, за жал или не.
Можеби сме невини, или до бестрага виновни! Не сме безгрешни, но сме вистински. Секој живее веројатно најдобро што умее!
Можеби нема среќен живот, само среќни денови!
Но што и да е, како и да е, тука сме каде сме, со сѐ што имаме и немаме! Затоа show must go on!
Калимеро
Leave a Reply