Постојат работи кои не смеете да дозволите да ви ги прават

Кога се соочувате со тешки и непријателски настроени личности, важно е да заземете став. Ова е вашиот живот. Можеби не можете да контролирате се’ што другите ви прават, но можете да одлучите дека нема да стоите во некој агол со ‘свиткана опашка’.

Можете да одлучите дека нивните дела и постапки нема да влијаат на вашето срце и ум. А првенствено, можете да одлучите покрај кој ќе бидете утре, а кого ќе го оставите зад себе. Следниве работи не дозволувајте да ви ги прават другите луѓе:

– Не дозволувајте им на другите да ве вовлекуваат во непотребни расправии. Не си го губете времето, обидувајќи се да им објаснувате на луѓето кои веќе неколку пати покажале дека немаат разбирање за вас. Својата интелигенција и сопствената вредност никогаш не ја дефинирајте по бројот на расправии од кои сте излегле како победник, туку по она колку пати сте рекле дека кавгата не е вредна за вашето време.

– Не им дозволувајте на другите да ве вовлечат во нивната негативност. Да се биде позитивен е избор. Бирајте мудро. Бидете доволно мудри да се оддалечите од негативноста која ве опкружува, бидејќи таа никогаш не е вредна ниту за вас, ниту за вашата благосостојба.

– Не дозволувајте другите да ве малтретираат. Насилничкито однесување е погрешен начин на однесување. Не постои слобода на овој свет која на друга личност и’ гарантира право да ја напаѓа вашата личност. Имајте на ум дека никој нема моќ да направи да се чувствувате мали, ако вие тоа не му го дозволите.

– Не му дозволувајте на пријателите да бидат неискрени кон вас. Ако не се искрени тогаш не ви се вистински пријатели. Не можете да бирате крвни сродници, но пријатели секако можете. Бидете вистински пријател кон сите кои ве заслужуваат, а само оние вистинските и искрените пријатели држете ги за себе.

– Не им дозволувајте на едни исти луѓе постојано да ве лажат. Ако некој го фатите во лага тогаш проговорете! Некои луѓе постојано ќе ве лажат, за да ги остварат личните интереси. Личноста која ве лаже не е добра личност. Дистанцирајте се што побрзо.

– Не дозволувајте им на луѓето да ве искористуваат. Понекогаш луѓето забележуваат работи кои ги правите за нив, се додека не престанете да ги правите. Тоа не е во ред. Сфатете го тоа. Вие заслужувате подобро! Вие ги заслужувате луѓето со кои можете да се смеете, луѓе кои не ве земаат здраво за готово и луѓе кои нема да ве остават на цедило.

– Не дозволувајте им на другите да ве уверат дека промените се лоша работа. Она што не можете да промените обично ќе ве промени вас. Промените се случуваат со причина. Носете се со нив. Тоа нема секогаш да биде лесно, но на крајот ќе се исплати.

Извор: minimagazin.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: