Што можеш да научиш, можеш и да одучиш

Знам, имало моменти во твојот живот кои воопшто не биле бајковити. Некои биле толку сурови, што речиси ги потисна, како никогаш да не се случиле. Разбирам и ако мислиш дека овој свет не е убаво место, но….. Толкава убавина се наоѓа во тебе. Можеби е тука и не можеш да ја видиш ниту да ја препознаеш, но секогаш постои некој кој е свесен за истата. Твоето Волшебство.

Со секој нов ден ти имаш прилика. Прилика да се грижиш за себе и да бидеш кон себе подобар. Само е потребно да се прифати одговорноста. Одговорноста дека ти си тој кој управува со својот живот. Нема тука вина. Ти си владател на својот живот….И ти управуваш со него.

Не дозволувај твоето минато да управува со сегашниот момент. Бидејќи во него ти ги креираш идните моменти. И повторно исто. Маѓепсан круг.

Разбуди се. Пушти ги луѓето да одат по својот пат. Зошто ти треба некој на твојата страна кој не те почитува? Барем ти осознај ја својата вредност. Замини во мир и прости. Не е вредно да се оптеретуваш со осуда во твоето срце. Кои сме ние да судиме?

Ти работи на себе, најдобро што знаеш. Ден по ден. Верувај. Ти си толку моќен. Не се сожалувај ако те навредиле дека не е така, имаш прилика за избор, со секој нов ден на овој свет. Понекогаш ни е лошо да останеме во познатото исто, да ја играме улогата на жртва бидејќи така научивме, но, ние не сме жртва.

Ние сме креатори. Само треба да се превземе одговорност и да се напуштат нашите познати обрасци. Што можеш да научиш, можеш и да одучиш. Со дисциплина и волја. Само не се откажувај. Верувај во себе.

Marina Knusel

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: