Врска која ве исцрпува: како да се одврзете од партнер кој не ве заслужува?

Поради љубовта не треба да се чувствувате очајно. Ако тоа се случи, тогаш не е љубов. Тоа е е само лажна слика за љубовта која е под контрола на Eгото, врзаноста и потребата. Некои жени (мажи) запнуваат со луѓе кои не ги заслужуваат, но често не превземаме потребни чекори за да ги напуштиме. Причини за останување има многу, а секоја жена ја знае својата причина.

Сепак, обично остануваме со луѓе кои не не’ заслужуваат поради 4 главни причини, кои нема на никој да им ги признаеме освен себе.

1. Страв- тоа може да биде страв од напуштање или страв дека нема да пронајдеме друг маж кој длабоко ќе го сакаме или страв од напуштање кога постои веројатност дека ќе се промени.

2. Врзаност- не само врзаност за него, туку врзаност и за заедничкото минато.

3. Надеж- Сознанието дека мажот кој го сакаме не не’ заслужува може да биде поразително, па постојано се надеваме дека работите ќе се сменат на подобро.

4. Предавство- Кога жената е со погрешен човек тоа ја исцрпува нејзината енергија. Знаеме дека напуштањето не е лесно како што мислат некои. Лесно е да се зборува за тоа, но кога треба нешто да се преземе, тоа станува многу комплициран процес. Не’ преплавува чувството на вина и емоционална загуба. А најлошо е кога ќе заглавите со маж кој ќе ве изманипулира да останете секој пат кога ќе одлучите да си одите.

Овие 5 чекори ќе ви помогнат да тргнете напред.

1. Со интроспекција до одлука. За овој чекор, треба да се сетите на минатото. И на добрите времиња и на оние лошите. Ако лошите работи ги надминуваат добрите, то е јасен знак дека длабоко во вас лежи повеќе болка и дека е веројатно време за заминување. Меѓутоа, кога се враќаме во минатото, нашиот ум би можел да се фокусира на добрите времиња и да ги заборави оние лошите. Ако е тоа случај, можеби е подобро да ја преиспитате својата одлука.

2. Осамете се. Одморете се од сите, а најповеќе од партнерот на една недела. Нема да ги пронајдете сопствените мисли со човек покрај нас. Со други зборови, нема да бидеме под негово влијание.

3. Пронајдете ја стабилноста во вас. По одлуката дека треба да заминеме, треба да пронајдеме место во себе каде можеме да ја зацврснеме нашата емоционална стабилност, за да можеме да се држиме доследно до својата одлука. Нашиот партнер може да направи се’ за да не’ убеди да останеме. Ако не сме емоционално стабилни, ние ќе паднеме во замка. Емотивната стабилност е наше оружје, без него не можеме да одиме во војна со својот партнер.

4. Не се форсирајте. Кога ќе бидете подготвени да заминете дефонитивно- тогаш. Не си поставувајте рокови и услови.

5. Планирајте ја вашата иднина. Кога односот ќе заврши, треба мудро да го искористиме своето време. Мора да се потрудиме да бидеме зафатени за да се спречи осаменост, досада, а посебно тагата. Не заборавајте ние сами сме креатори на сопствената среќа.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: