Да се биде позитивен на сила е агресија кон својата душа

Некој ќе го уништи бедата и сиромаштијата, а за некој тоа ќе биде предизвик за напредок. Некој, богатството и моќта ќе го уништи, за некој тоа ќе биде поттик да направи нешто добро за другите.

Некој ќе го уништи разводот, губење работа, болест, предаство, а некого тоа ќе го охрабри и ќе му даде ново знаење..

Не постојат всушност, добри и лоши околности- се работи само за нашата автентична реакција и одлуката, дали тие околности ќе ги искористиме да дознаеме кои сме ние всушност. На тој пат е важно да се биде многу искрен кон себе, бидејќи секој пат, ние сами себеси си ја одземаме енергијата, самите себеси си стануваме енергетски вампири..

Да се биде позитивен на сила е агресија кон својата душа- напротив, не сили се да бидеш позитивен, туку преживеј ја секоја своја вистинска емоција до крај. И таа искреност кон себе, ќе те ослободи и ќе ја претвори, секоја околност во твоја моќ. И привидната среќа и несреќа се тука, за да откриеме кои сме всушност.

Исидора Бјелица

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: