Зошто тој нема сериозни намери со тебе?

Му се допаѓаш многу. Барем така тврди. Му одговараш. За него убава, прекрасна, интересна. И повторно ништо. Никаков знак за сериозни намери. Ти ги имаш, но тој не. И многу веројатно не е првиот маж кој на таков начин те збунува. Му се допаѓаш, тоа е неминовно. Се поставува прашање: зошто тој нема сериозни намери?

Оваа ситуација збунува. Многу ќе биде полесно кога се би било јасно и кога мажите би можеле да комуницираат на ист начин како ние жените. Сепак, постои добра вест. Мажите се многу едноставни. Тогаш кога се вистински заинтетесирани, нема таа сила која ќе го сокрие нивниот вистински интерес. Не постои таа далечина која ќе го спречи да и’ се јави на жената за која е заинтересиран. Зошто тогаш тој не ти нуди ништо освен лежерни средби? Зошто нема сериозни намери? Зошто му се допаѓаш, привлечна си му, но тоа е се’.

Не се заљуби во тебе. Тоа е сурова вистина. Не е заинтересиран. Ок? Мажите сакаат жени кои за нив се предизвик. Мажите сакаат жени околу кои треба да се потрудат. Ако тој ништо не мора да направи за да те освои, шансите се мали дека ќе ја почувствува онаа вистинска, магична привлечност поради која е подготвен на се’.

Со други зборови, ако сакаш мажот во тебе да се заљуби, мора да му претставуваш предизвик. Тој не сака да му биде лесно, тој го сака недостижниот колач од најгорната полица за која треба повеќе да се потруди. Ако на мажот му ја одземете можноста да се потруди, тогаш му го скратувате чувството на возбуда која е потребна за да се вљуби вистински.

На мажот му треба возбуда. Му треба простор за напредок. Наместо да му го олеснувате патот до себе, инспирирајте го да биде уште подобар. Мажот сака внимание токму на онаа жена, за чие внимание мора да се бори. Што поголем труд мажот мора да вложи за да те освои, тоа ќе расте и привлечноста која ја чувствува кон вас. Ненадминливо е чувството дека тој за нешто се изборил.

Мажот ќе ја освои жената покрај која се чувствува како Супермен. Кога мажот ќе го заслужи почитувањето од жената на која и’ се восхитува, се’ друго станува неважно. Таа е таа. И готово. Нема изговори. Нема оправдувања. Тој тогаш го насочува своето време на тоа, неа да и’ докаже дека тој е вистински избор за неа. Жената покрај која мажот се чувствува како Супермен, која го инспирира да биде најдобра своја верзија- таа е вистинската.

Мажите сакаат да бидат корисни, но не се на располагање на секоја жена. Жената за која тој ќе скокне во оган е онаа која има висока вредност во неговите очи. Таа е посебна, уникатна, единствена. Таа е жена која пред се’ се цени себеси, а потоа и него. Тој сака да биде значаен, а таа му помага на тој пат. Тогаш кога ти ќе станеш таа жена, тој ќе има јасни и сериозни намери. И ништо повеќе во тој однос нема да биде збунувачки.

Нела

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: