Која е вистинската магија во љубовниот однос?

Магијата доаѓа во моментот кога двајца луѓе се држат заедно за да го исчистат нередот, да се слушаат еден со друг и својата врска да ја направат подлабока отколку што беше порано. Како врската оди се’ подлабоко и подлабоко, стануваат помудри и подуховни како поединечно така и заедно.

За да знаете дека сте во духовно партнерство и за да го негувате и тоа единството и зедништвото кое го имате со личноста со која ќе поминете добар дел од овој живот, пред се’ е потребно да знаете што всушност значи ‘духовно партнетство’.

Многу едноставно, тоа е партнерство во кое двајца луѓе се подршка за меѓусебен духовен раст. Тоа е партнерство во кои честа и растот се поголем приоритет, отколку телесното и умното задоволство или чувството на материјалната сигурност или врзаност. Секој од нас, без оглед кој е, еднаш ќе биде фристриран во однос кој подолго време е ограничувачки. Тоа е речиси невозможно да се избегне и тоа е во ред!

Духовното партнерство е чувство. Начинот на кој се чувствувате во присутност на својот партнер и поврзаноста која ја имате едноставно зрачи со разбирање и свесност. Почнувате точно да знаете што другата личност мисли и чувствува и затоа доаѓа до подлабоко ниво на комуникација, бидејќи комуницирате на фрекфенција која е надвор од зборовите. Таа е суптилна, емоционална и исполнета со знаење.

За сите вас кои не го гледате светлото на крајот од тунелот и кои се чувствувате дека сте во некој однос кој не е за вас, запомнете: се’ што имате токму сега во овој момент е совршено и можете да постигнете се’ она што сакате да биде. Потребно е едноставно да вложите малку труд, да се отворат каналите на комуникација и давање на многу љубов!

Извор :atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: