Уште си ми нешто

Денес беше посебно убав ден, не знам, да не е поради тоа што те видов?

Те видов од далеку ама од толку блиску. 

Ги видов тие очи кои не сум ги заборавила никогаш, а и не сакам да ги заборавам, ми носат среќа во душата, иако ми останува само да им се сеќавам. 

И насмевката ти беше на лицето, впрочем ти секогаш се смееше и тоа најубаво се смееше!

 Успеав и гласот да ти го слушнам, колку само ми недостигал, премногу од премногу! 

Ист си, но и не си! 

Те познавам каков те помнам, но не знам дали ме помниш и ти?

 Дали сум ти макар едно убаво сеќавање? 

Ти уште си ми нешто!

Нешто најубаво, најискрено, најмило, нешто како еден мој и само мој свет. 

Сакав барем еднаш да ме погледнеше како што ме гледаше, знам не беше ни лудо вљубен во мене, ни како тинејџер затрескан, ама ме гледаше како што никој друг не знае! 

Можеби ќе се случи тоа во сон, можеби тогаш ќе бидеш мојата вистина, а јас твојата! 

Уште си ми нешто! Денес сфатив.

Калимеро 

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: