Дали и твојата душа е толку ранета?

Драга моја душичке,

Прости ми што очајно се обидувам да ги поправам и да ги променам другите, иако навистина е потребно тебе да ти посветам најмногу внимание. Жал ми е што не ти дадов доволно време да се опоравиш, освежиш.

Прости ми што се обидувам да ги зацелам туѓите рани, додека твоите отворени крварат. Жал ми е…имаше денови кога те терав да се смееш и да се преправаш дека се’ е во ред, само никој да не дознае дека навистина си несреќна.

Прости ми што толку време и труд вложив посветувајќи се на луѓето кои никогаш ништо не ни дадоа за возврат.

Прости ми што плачеше со ноќи и никој не те разбра. И најмногу од се’, жал ми е што не те сакав онака како што заслужуваш.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: