Никогаш нема да се откажам да пијам кафе со самата себе

Ако јакиот карактер се познава по моќта да се поднесе самотијата, јас сум супер жена! Нема ништо поубаво од времето кое го поминувам сама со себе.

Да бидам сама за мене е секогаш враќање кон самата себе. Мое време. Никогаш не бегав од самотијата и секогаш ја доживував како нешто добро и корисно. Пријатно. Како мала често знаев да и се жалам на мајка ми: ‘Досадно ми е’ а таа секогаш ми зборуваше: ‘Тоа е добро, така треба да биде’. Бидејќи тогаш не ми беше јасно зошто тоа ми го зборува, таа објаснуваше: ‘Така ќе откриеш што сакаш да правиш, што можеш да работиш, што сакаш..Ако не ти е интересно кога си сама, како очекуваш на другите луѓе да им биде интересно твоето друштво?’

Големиот Мика Антиќ еднаш рече: ‘Својата сила ќе ја препознаеш по тоа колку си во состојба да ја издржиш самотијата’. Најсреќна сум кога ќе седнам сама со филџан јако кафе, кога ќе го почувствувам волшебниот мирис, а мислите ќе ги пуштам да одат каде што сакаат. Па, ќе се сетам на своите желби, надежи, соништа…Сонувам, а времето бргу поминува.

Не ми треба спасување од мене самата. Тоа е мојот момент кој вреди како милион од оние поминати во добро друштво. Ако ми ѕвони телефонот, сите го знаат мојот одговор: ‘Не го кради моето меѓувреме, ова не е помеѓу тебе и мене, тоа е меѓу мене и мене’…. Ги користам зборовите повторно на Мика Антиќ.

И затоа секој ден одвојувам еден дел од денот за себе и добро кафе, фотелја и книга. Некој ќе рече осаменост, а јас ќе речам чисто уживање. Се’ зависи од кој агол гледате на работите.

Јас тоа го гледам вака: Тоа е моето омилено време, за мојот омилен ритуал на пиење на моето омилено кафе. Да свесна сум дека често го спомнувам зборот ‘омилено’ но со право.

Кафе со себе е рецепт кој секој треба да го примени. Така едноставен, а така корисен. Пробајте, проверено работи.

извор: Stil

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: