Само оној кој доживеал панични напади знае што значи да се будиш секое утро со мермерна плоча на градите

Луѓето ќе кажат сешто и ќе продолжат понатаму со својот живот, а твојот ќе застане. Зборовите сечат пострашно од сабја. Порано не ја разбирав оваа мисла, а за жал денес и многу возрасни и зрели луѓе не го знаат значењето на таа реченица.

Така еднаш ми рекоа дека е срамота да се биде депресивен. И не само тоа. Ми рекоа дека треба да се ‘соберам’. Чудно се однесувам. Дека сум незрела. Како е време да се разбудам веќе еднаш, да ја суредам куќата веќе еднаш наместо да кукам, дека депресијата е болест на оние кои ништо не работат, само лежат. А јас сум мрзлива и неблагодарна.

Ми рекоа многу работи кои направија да се чувствувам лошо, како најлошо суштество на планетава. Како некој кој не заслужува да живее и не заслужува да има било што во животот. Ми зборуваа дека измислувам, лопатата и работата го лечат секој проблем и дека ‘во нивно време’ немало анксиозност и депресија, туку сите биле здрави и живееле сто години.

Со секој таков коментар пропаѓав. Се одалечував од светот, се затворав во својот простор и тонев. Само оној кој доживеал панични напади знае што значи да се будиш секое утро со мермерна плоча на градите. Секое утро ново умирање. Паника. Пот. Болка. Желба да ме нема.

Го земам телефонот во рака и немам кој да го повикам, бидејќи сите мислат дека не ми е ништо. Само умислувам. Тогаш престанав да зборувам, бидејќи им верував. Најлошо во целата приказна е што на крајот ќе поверуваш во тоа, па дури тогаш не се чувствуваш добро.

Се чувствуваш немоќно, како да си опколен со непријатели од сите страни. Луѓето сешто зборуваат и продолжуваат со својот живот, а твојот ќе застане. Твојот почнува да исчезнува. Сите мислат дека твој проблем е што не работиш доволно или не излегуваш колку што треба или што не земаш книга во рака.

Сите мислат дека си мрзлива. Ама ти не си. Но, тие етикети се лепат на тебе се’ повеќе. Таа состојба ти ги зема годините. Се бориш со неа, но за џабе, нејзината сила не попушта. Анксиозноста и депресијата не се измислени. Не е досада. Не е мрзливост. Не е нешто што поминува само од себе. Не постои волшебно стапче. Депресијата не е ‘болест на мрзливите’.

Депресијата е најопасната болест која ги носи животите. Секој ден. Еден ваш лош збор, осуда, критика, може да го голтне некој кој бил на работ да изврши самоубиство. Бидете добри кон луѓето, не ги земајте насмевките здраво за готово, не мислете дека на некој му е добро бидејќи никогаш не кука или му е добро, бидејќи има совршен живот.

Бидете помош, дајте помош. Еден ваш убав збор може да смени нечија реалност. За да избере живот.

‘Ако твојот збор не е лек, нека не биде отров.’

извор: Lola

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: