Во светот на неправда, суета и злоба, брзо паѓаме во лошо расположение

Често ја читаме и слушаме пораката: ‘Тргни и ќе стигнеш’. На патот помеѓу ‘тргни’ и ‘ ќе стигнеш’ има многу чекори на саморазвој кои бараат дисциплина, истрајност и верба дека самонапредувањето навистина ќе го доносе животот кој го посакуваме.

Во светот на неправда, суета и злоба, брзо паѓаме во лошо расположение. Затоа е важно каде сме тргнале. Нашите мали, секојдневни, на изглед неважни подобрувања, ги храниме со сопствена доследност.

До целта, до која се стремиме не’ водат ситни секојдневни чекори кои се зголемуваат во убави исходи на долги патеки. До сопствената посебност долг е патот, на кој е потребно да се држиме до своите визии и срце полно со љубов.

Каде ќе стигнеме ако немаме визија и љубов за сопствен раст, да бидеме подобри и да имаме повеќе способност? Тргнете во насока на своите можности, бидејќи во спротивно, ќе ве стигне вашето сопствено незадоволство. А со него се тешки чекорите. Визијата, она што сакате да бидете, ќе ве одведе на местото на кое можете да создадете она што сакате да имате.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: