Времето не ги лечи овие 5 рани

Покрај сите убави работи кои ни навираат во сеќавање, животот ни го прават често и оние лошите, кои неповикани ќе испливаат и душата ќе ни ја натопат со најболните солзи. Тие рани кои се отвораат одеднаш, никогаш не зацелуваат до крај. Тие не’ потсеќаат на нешто или некој кој може да не’ повреди или да влијае негативно на нашиот живот.

Еве некои рани кои никогаш не можат да се зацелат.

1. Понижување. Кога некој ќе ве понижи, чувствувате дека личноста зема дел од вас и тоа да го прави на најсуров можен начин.

2. Разочарување. Кога некој близок ќе не’ разочара, ќе ги уништи сите наши очекувања и надежи. Тоа чувство во нас предизвикува експлозија на шок, бес, изненадување и болка.

3. Предавство. Кога ќе почувствуваме предавство на своја кожа, тогаш ни се чини дека цел живот е лага. Се’ она во што верувавме се претвора во прашина. Предавството е во состојба да не’ повлече во најдлабоката кал од која тешко се излегува.

4. Рамнодушност. Кога најблиските луѓе, без посебна причина, не’ игнорираат, почнуваме да се чувствуваме бескорисно. Тогаш сите ќе се чувствуваме недостојно и уништено.

5.Оваа рана се разликува од сите други по тоа што не е намерно нанесена и навистина во повеќето случаи нема виновници. Никој од оние кои навистина не’ сакаат нема да изберат смрт за да не’ повредат. Но, сепак, кога најблиските го напуштаат овој свет, со себе носат и дел од нашата душа која нема никогаш да се опорави.

извор: Stil. kurir.rs

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: