Знае ли некој денес лудо да сака?

Дали заборавивме како да сакаме? Или уште полошо, дали заборавивме што е љубов?

Не сме подготвени. Не сме подготвени за жртва, за компромиси, за безусловна љубов. Ние не сме подготвени да вложиме се’ што е потребно за да може односот да функционира. Сакаме се’ да е едноставно.

Ние сме луѓе кои лесно се откажуваат. Доволна е само една препрека да не’ обесхрабри. Не дозволуваме нашата љубов да расте, ние си заминуваме пред време. Тоа што го бараме не е љубов, само возбуда и восхит во животот. Сакаме некој со кој ќе гледаме филмови, да се забавуваме, а не некој кој не’ разбира, дури и во најдлабока тишина. Поминуваме време заедно, не создавајќи спомени.

Не сакаме досаден живот. Не сакаме партнер за живот, само некој кој ќе не’ направи живи токму сега. Кога возбудата ќе исчезне, откриваме како никој не не’ подготвил за приземјување. Не веруваме во убавината на предвидливото, бидејќи сме заслепени со возбудата на авантурата. Фокусирани сме во хаотичниот градски живот, а тој не остава простор за љубов.

Ние немаме време за љубов, немаме трпение за работа на односите. Ние сме луѓе зафатени со трчање по материјалните соништа и тука нема место за љубов. Ние бараме инстант задоволство во се’ што работиме. Сакаме зрелост во односот кој доаѓа со време, емоционално поврзување кое се развива со години, тоа чувство на припаѓање, кога едвај ја познаваме другата личност. Очигледно ништо не е вредно за нашето време и трпение- дури и љубовта.

Ние повеќе сакаме да поминене еден час со сто луѓе, отколку еден ден со една личност. Ние веруваме во повеќе ‘опции’. Повеќе сакаме средби со луѓе, отколку да ги запознаеме. Ние сме алчни. Сакаме да имаме се’. Влегуваме во однос штом се појави и најмала привлечност и излегуваме од него штом најдеме некој подобар. Но, на никој не му даваме вистинска шанса. Разочарани сме од сите.

Ние сме генерација ‘скитници’ кои нема да останат на едно место предолго. Веруваме дека длабоките односи не ни се судени. Ние не сакаме да се смириме. Дури и помислата на тоа е застрашувачка. Не можеме да замислиме дека цел живот ќе го поминеме со една личност. Со презир гледаме кон поимот ‘Траење’ како општествено зло.

Сакаме да веруваме дека сме поинакви од другите. Ние сме генерација која себеси се нарекува ‘сексуално ослободена генерација’. Сексот доаѓа лесно, лојалноста не. А нас ни е потребно само привремено исполнување. Си заминуваме.

Односите повеќе не се така едноставни. Оставаме многу малку простор за љубовта. Ние не знаеме како лудо да сакаме. Премногу сме разумни за љубов. Се криеме зад ѕидовите кои сами ги создадовме во потрага за љубов и бегаме во моментот кога ќе ја пронајдеме. Одеднаш тоа ‘не можеме да го поднесеме’.

Ние не сакаме да бидеме ранливи. Не сакаме да ја покажеме нашата душа на никој. Многу сме претпазливи. Ние повеќе не ги цениме односите. Ние ги отфрламе прекрасните личности поради ‘другите риби во морето’. Не постои ништо што не можевме да освоиме на овој свет, а сепак победени сме во играта на љубовта- една од најосновните човечки нагони.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: