Кармички односи: Секоја душа го бара својот ‘учител’ или ‘мачител’

Големите страствени љубови секогаш се дел од кармичката задача, бидејќи само она што некој чувствува како потреба на своето битие, што е запишано во генетскиот материјал, може да се искаже ако се сретне личноста која е способна да продре до емоционалните аури.

Поради тоа страствената кармичка љубов често се случува кога најмалку се очекува. Дали ја сретнале својата ‘подобра половина’, многумина ќе се запрашаат кога ќе им затреперат колената или ‘нешто’ во стомакот ќе ги чепне, а погледите се избегнуваат. Го чувствуваме тоа нешто што во потполност не’ обзема, а ни ја одзема моќта на говор, здравиот разум и способноста да управуваме со своите постапки.

Кармичките љубовни врски секогаш даваат претчувство дека љубовта ќе се случи, а при запознавањето се јавува феноменот ‘deja vu’- веќе видено, нешто веќе доживеано. Моногумина чувствуваат дека се подготвени да им се случи ‘нешто големо, силно’ и ако нивниот емоционален генетски код носи запис на силна страствена врска, кога- тогаш мора да се активира како растение со силни корења, кое ако треба ќе расти меѓу камења.

Кармички, значи патот на душата кон нешто подобро, прочистување кон своето совршенство. Руските парапсихолози сметаат дека кармата е биоенергетски запис кој е содржан во еден од неколкуте слоеви на аурата, која е составена од физички, мисловен и емотивен слој. Оној дел од душата кој трага по љубов е содржан во емотивниот слој на аурата и поради тоа луѓето кои се среќни, секогаш некако ‘светат’ додека несреќните се обвиткани со сивкаста магла, околината ги опишува како ‘овенати’.

Големите страствени љубови секогаш се дел од кармичките задачи бидејќи само она што некој чувствува како потреба на своето битие, а што е запишано во генетскиот материјал може да го искаже, ако се сретне личноста која е способна да стигне до душата. Затоа страствената кармичка љубов често се случува кога тоа најмалку се очекува, неочекувани средби кои изгледаат како судбински, а љубовта се доживува како силна физичка привлечност, иако може при запознавањето да дојде до одбивност, страв и обид да се избегне друштвото на таа личност.

Нашето информациско поле е во состојба многу пред средбата да ја ‘прими информацијата’ за влегувањето на важната личност во нашиот живот. Тоа може да биде како чувство дека нешто важно ќе се случи, некој вид на радост или инспирација. Ако во фаза на општествениот или професионалниот успех, личноста која ќе биде наша кармичка љубов влезе во нашиот живот, може да остане незабележена, барем извесно време.

Душата нема да ја препознае како кармичка љубов, бидејќи енергијата на љубовта е насочена кон други интереси или кон друг, привремен партнер. Сепак, тој ‘некој’ е некако секогаш тука, секогаш присутен и секогаш благонаклонет и можеме да го сретнеме на места на кои не се надеваме.

Кога душата ќе биде ‘гладна’ за љубов, емоционалната аура ќе стане попустлива за енергијата на личноста на која и’ се допаѓаме и ние можеме да бидеме вовлечени во нејзиното био поле, како што пајакот ја вовлекува жртвата во својата мрежа. Тогаш стапува на сцена нашата кармичка задача.

Не мора двата партнери истовремено да ја ‘одработат’ кармичката задача. Секоја душа го бара својот ‘учител’ или ‘ мачител’, колку и да е заљубен, благонаклонет, а често и суров. Колку е потешка задачата пред нас, таа врска ќе биде покомплицирана, колку е поголема љубовта од една страна, толку ќе има супериорност или одбивање на љубовта од другата.

Кармичкиот пат е потежок. Личноста која страда во врската секогаш повеќе сака, а страдањето е и доказ дека е на вистинскиот пат за себе нешто да научи. Често улогите се спротивни и онаа другата страна почнува да го исплаќа својот кармички долг, кога партнерот кој страда станува трезвен и стабилен.

Во кармичката љубов секој партнер ја учи својата лекција за љубовта, бракот и ставен е на искушенија кои му овозможуваат, душата да го најде својот пат кон среќата. Лошите брачните односи, расправиите, игнорирање, навредите или физичкото насилство, разводот, се показатели дека еден од партнерите влегол во брак без големи емоции, а другиот влегол со кармичка задача нешто да ‘научи’ или ‘одработи’. Можно е дека во предходните врски бил премногу самоуверен, горделив, нетолерантен.

Самољубието, гордоста, потребата да се поигруваме со туѓите чувства, да бидеме безусловно обожавани се особини кои оневозможуваат да се отплати кармичкиот долг бидејќи го блокираат каналот на љубовта.

Потврда дека тоа е кармичка љубов е траењето. И тогаш кога не се заедно и кога не се гледаат со месеци, кога живеат во други градови. Како врската ќе се разреши зависи од кармичката задача и на едниот и на другиот. Што е задачата потешка, тоа е љубовта покомплицирана и долго трае. Се додека аурите спонтано не се спојат или не се разделат без омраза, лутина или чувство на повреденост.

По секоја љубов, посебно кармичката, мора да остане сеќавањето на љубов, не страдање или повредена гордост.

Извор: fontanasvjetlosti.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: