Секогаш одново учиме за самодовербата

Самодовербата, тој фамозен поим за кој сите сакаат да зборуваат. Автентично, изворно или исконско јас кое вешто се презентира преку сопствени идеи, мисли, зборови и дела и со околината ја делат својата најдобра верзија на себе.

Самосвесност за сопствените доблести и квалитети е многу важна за добрите страни да се кристализираат и да излезат надвор. На секоја од нив треба да работиме, за да станеме прекрасен дијамант во прекрасната огрлица на нашите најдобри доблести.

На самодовербата се работи цел живот, тоа никогаш не смее да престане. Животот често не’ става на големи искушенија и тестови кои не’ испитуваат колку сме сигурни во себе. Под кожа сме црвени и тука се кријат и несигурност, срам, страв, непријатност, потиснување, молчење, неприлагодливост. Сите тие препреки треба да ги совладаме со многу тешки околности и луѓе кои за жал не се така добронамерни, завидливи на нашиот потенцијал и талент.

Од безброј нијанси кои не’ прават такви какви што сме, добрата вест е што нашите недостатоци кои се поврзани со карактерот можеме да ги поправаме. Секогаш повторно. Секој ден животот носи нови лекции. Нови примери. Имаме можност да бираме она што е најдобро за нас и луѓето кои ни се важни. Имаме можност и на повисоко ниво, да работиме за општо добро. Да ја развиваме својата индивидуална свест која ќе прави карика на колективната свест.

Токму тие тешки моменти во животот, нашите најболни порази во животот ќе пресудат во корист на нашата самодоверба. Или длабоко ќе не’ рани и ќе остави траг на очајот на нас или ќе не’ охрабри и ќе не’ претвори во победници. Победата не значи дека ќе бидеме арогантни, дрски и со својата горделивост и суета ќе газиме се’ околу себе. Здравата самодоверба значи цврсто да се стои на земја.

Сите сакаме комплименти, сакаме да слушнеме дека сме убави, посакувани, паметни, шармантни и тоа е сосем нормално. Но, луксузот кој е тешко треба да си го дозволуваме е да сме зависни од дозата на пофалби на наша сметка. Треба да бидеме свесни за своите доблести во граница да не’ пофалат, мотивираат, да ги усовршиме и да ги искористиме за сопствен успех во секој животен аспект.

Критиките често не’ погодуваат и предизвикуваат во нас бунт и желба за докажување. Критиките имаат моќ на провокација, можат да бидат за наше добро, за да извлечат максимален успех. Тоа се конструктивни критики кои доаѓаат од компетентни личности и луѓе со големо животно искуство. Невкусни, злонамерни коментари од луѓе кои ви завидуваат или едноставно сакаат да се интересираат за туѓ живот, треба да се заобиколат и да немаат влијание на нашето расположение.

Самокритика и самодовербата прават заеднички именител за стабилен карактер кој може да ве направи незапирливи. Рамнотежата на сопственото его со познавање на сите предности и мани, дозволува да бидеме свесни дека има подобри и полоши од нас. И секогаш одново учиме, се градиме и ја зајакнуваме сопствената самодоверба.

Ружица

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: