7 најважни прашања кога не знаете што со себе

На некои им е потребно цел живот тоа да го откријат. Што сакам од својот живот?

Тоа е прашање кое сите си го поставуваат во некој момент од својот живот. На другите им е потребен цел живот тоа да го откријат. Лесно е да се живее она што ни е познато и она што правиме со леснотија. Но, вам кои трагате за исполнет живот, овие прашања ќе ви дадат јасна слика за тоа што правите со својот живот.

1. Кои работи ги правите со најголемо задоволство? Првиот чекор кон исполнет живот е да размислите за работите кои ви прават најголемо задоволство. Што сакате? Што ве исполнува? Која работа не ви прави напор? Можеби уживате во пишување, можеби сакате да работите со животни или уживате во фотографијата. Поентата е во тоа да откриете што сакате да работите и да го правите тоа што почесто.

2. Кои се вашите најголеми достигнувања во животот до сега? Размислете за вашите минати искуства и на што сте горди. Како тие достигнувања ве направија среќни? Зошто тогаш не се обидете повторно? Ако сте истрчале маратон еднаш и сте го засакале тоа чувство, почнете да тренирате за вториот. Правете работи кои ве исполнуваат.

3. Да живеам вечно што ќе правам? Ако ги имате сите пари на овој свет и сето време, каде би заминале? Што би правеле? Со кој би го поминувале времето? Овие одговори можат да ви помогнат да откриете што сакате во својот живот. Тоа не значи дека ви се потребни милиони за да бидете среќни. Но, значи дека вакви прашања можат да ви помогнат да ја поставите целта и побрзо да дојдете до неа.

4. Што се моите цели во животот? Целите се неопходен дел кој мора да го поставите за да бидете задоволни во иднина. Важно е да одговорите на овие прашања: Кои се вашите цели кога е здравјето во прашање? Кои се вашите цели кога е кариерата во прашање? Кои се вашите цели за семејството? Еднаш кога ќе го откриете одговорот на ова ќе имате јасна идеја за тоа што ќе правите со својот живот.

5. На кој најмногу му се восхитувам? Ако го следите животот на успешните луѓе, тоа може да ве доведе до успех. Размислете за оние на кои најмногу им се восхитувате. Кои се нивните најдобри квалитети? Зошто ги почитувате? Што од нив можете да научите?

6. Што не сакате да работите? Важен дел на откривањето што сакате да правите со својот живот е сознанието што не сакате да правите. Кои работи ги гледате со презир? Што мразите на работа? Ако сакате нешто да промените, мора да работите на тоа.

7. Колку сте подготвени да работите, за да го добиете она што го сакате? Големите успеси никогаш не доаѓаат лесно. Ако сакате големи работи, ќе мора да се помачите. Тоа значи дека веројатно повеќе ќе работите и мора постојано да излегувате од својата зона на комфорот.

извор: bizlife

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: