Од негов агол: Кога тој ќе одлучи дека е крај…

Вистина е дека во цела историја уште не постои маж кој сфатил дека на вашата врска и’ дојде крајот.

‘Мислев дека си среќна’. Ова фраза е се’ што треба да знаете за мажите. Мажите не проверуваат. Тие се среќни толку долго, додека веруваат дека нивната партнерка сеуште ги сака.

Денес ќе истражиме што се случува кога вашиот просечен маж ќе сфати дека на вашата љубов е крај. Напомена: Мажи, без лутење ве молам, текстот е напишан од еден маж со голема доза на самоиронија.

Жените сфаќаат дека е крај, но мажите наместо да ги обработат своите чувства, да си проверат како со вас се чувствувале од првиот ден, тие немаат волја да коментираат, но ќе бидат среќни кога за тоа конечно ќе се зборува, искрено тоа им е олеснување- ‘Да бидеме зрели луѓе, повеќе не ме сакаш, како можеше тоа да ми го направиш?’

Мислев дека си среќна. И сега тоа е така. Оваа фраза е се’ што треба да знаете за мажите, а докажува дека во суштина сме далеку почувствителни суштества од жените. Но, размислете.

Жените глумат дека се почувствителни, но всушност се многу ладнокрвни кога се работи за срцето, постојано го пратат секое движење на својот човек, знаат колку е расположен, какви му се намерите, колкаво му е вниманието и какво му е финансиското здравје. Тоа се препознава во честите прашања: ‘Кој е Петар? или ‘Каде беше во четвртокот?’ или ‘Дали сеуште ме сакаш?, ‘Повеќе не ме сакаш’ или ‘Од каде ти се тие панталони?’

Мажите тоа го сметаат за гњаважа, но тоа всушност е некој вид на емоционален радар. На мажите ова веќе со векови им е доказ, со кој се служат ако сакаат да докажат дека жените се ирационални и емоционални суштества. Но, вие запрашајте се што е пологично: постојано да проверувате дали ве сака вас или да не проверувате за да видите дали ве сака сеуште вашиот партнер?

Мажите не проверуваат. Тие се среќни толку долго додека веруваат дека нивниот партнер сеуште ги сака. Дури кога таа ќе му каже отворено дека повеќе не го сака, ќе му се расветли, па потоа ќе му биде тешко тоа да го разбере. Затоа што мажите се романтични, додека жените се реалисти. Мажите веруваат дека зборовите имаат поголема тежина од делото, па затоа намерата им е важна, а не стварноста.

Додека мажите пишуваа најубава љубовна поезија, жените работеа на тоа човештвото да се зголемува, добро да јаде, да научи да го брише носот. Мажите сонуваат; жените планираат. Мажите живеат во некој вид магловита, постојана сегашност, обоена онака како што веруваат дека другите луѓе ги гледаат, а очите на жените се фокусирани на иднината, па од таа причина жената може да биде далеку поспособен бизнис противник отколку мажот.

Само жената може доволно уверливо да ги пее оние зборови: ‘Дали и утре ќе ме сакаш?’ Но со генерации мажите глупо веруваа дека жените се субјективни и емоционални. Зошто? Слушаме збор љубов, но не го забележуваме другиот збор – утре.

Па кога вака убаво докажавме дека мажите се романтични и наивни сонувачи кои самите себе се залажуваат, како тогаш маж може да одлучи дека некоја врска непоправливо оди кон својот крај?

mr. Mafioso

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: