Совети кои ќе ви го олеснат патот до неговото срце

Не ви е потребно магично стапче ниту некаква ‘популарна’ магија. Всушност, подобро е отколку што мислите, барем судејќи по психолозите. Еве што велат.

Ако сакате да ве засака, престанете да трчате по него. Она што треба да направите е да му дозволите на мажот да ги ‘засучи’ ракавите и да ја стекне вашата наклоност и почитување. Мажите сакаат да се грижат за жените; кога можат на жените да им бидат на услуга, тие се чувствуваат вредно и мажевно.

Кога трчате по мажите и кога вие ја одржувате врската, на мажите им ја одземате потребата за одговорност и желбата да ве задоволат. Поголемиот број мажи се чувствуваат пријатно, кога жената ги завршува сите работи. Тие се или фокусирани околу продлабочувањето на врската, бидејќи се несигурни околу тоа каде точно припаѓаат во врската или си одат.

Кажете што мислите и мислете што ќе кажете. Најбрзиот начин тој да ве засака е да го добиете неговото почитување и восхит. Потребно е да направите граница и да се држите до неа. Не размислувајте што и како треба да кажете и да се плашите дека тој ќе ве остави поради нешто што сте кажале. Ако сакате да поминувате повеќе време заедно, на пример често да се слушате- едноставно кажете му го тоа. Секогаш е најдобро да бидете искрени, отворени и директни.

Престанете да зборувате и почнете да слушате. Обично имаме многу работи да кажување и сакаме на мажот да му ги кажеме речиси сите свои проблеми. Меѓутоа и на мажите им е потребно да зборуваат. Исто така, често знаеме да ги пропуштиме нивните сигнали за разговор, бидејќи тие се посуптилни од нас.

Мажот никогаш нема да каже: ‘Можеш ли да ме слушаш? Но, тој очајнички посакува да го слушате кога нешто зборува или кога му е потребен совет. Потребно е да престанете да го правите тоа што го правите и да му посветите внимание. Значи, имајте на ум дека тој сака да зборува. Ако тоа му го дадете до знаење, тој повеќе ќе ве почитува и дефинитивно ќе ве сака.

Ако сакате да ве засака, тогаш и вие мора да се сакате себе. Што повеќе се сакате себе и тој ќе ве сака повеќе. Малку се жени кои имаат високо ниво на самодоверба и самопочит (тие не се виновни за тоа, туку општеството во целина) Без оглед како сте ја изгубиле самопочитта, потребно е повторно да ја засакате таа привлечна жена која ја гледате во огледалото.

Чувството на самопрезир не е ниту малку привлечен. Тоа како се чувствувате може и да го оддалечи мажот од вас. Ако немате добро мислење за себе, можете ли тогаш да очекувате и некој друг да ве почитува? Ако постојано очекувате тој да ви даде комплимент или да ве пофали, многу бргу ќе почне да чувствува дека тоа мора да го прави од обврска. По некое време, тоа нема да му биде пријатно.

Извор: minimagazin.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: