Жени кои се предодредени за нешто поинаку

Ова е за истрајни, одлучни Божици кои ја бараат вистината. За мудри жени кои секогаш, повторно и повторно ќе изберат да го следат своето срце. За преслатки дами кои сакаат да ја почувствуваат земјата под своите боси нозе, креативни, темпераментни жени кои ги внесуваат со сонце искапени, со месечината осветлени, ветровити, ѕвездени соништа во животот, секој проклет ден, не грижејќи се ниту за дожд, ниту за сонце.

Ние сме силни и збунувачки, комплицирани и моќни, волшебни и возбудливи- ние сме предодредени за многу повеќе. Ние никогаш нема да бидеме среќни во бела кујна со цветна престилка, со совршена фризура на главата и убав кармин, кој ги покрива лажните насмевки, играјќи улога на совршена сопруга или совршена девојка, совршена мајка.

Нашите срца тогаш ќе се задушат. Нашиот дух ќе вреска. Никогаш всушност нема да бидеме среќни ако не’ ‘затворат’ од 9 до 5 часот, гледајќи на часовникот кој пополека отчукува, додека нашите души се грчат поради затворените и мрачни простории, без да дишеме свеж воздух, да го чувствуваме ветрот и мирисот на пролетта.

Никогаш нема да бидеме среќни ако пиеме шампањ, со приказните за високата мода, за вечните диети. Никогаш нема да бидеме среќни кога разменуваме рецепти за време на вечерата и теми од типот ‘како да се освои маж’. Всушност, баш ни е гајле за тоа.

Сакаме да зборуваме за душата. Вистината. Магијата. Смртта. Борбата. За светската болка. Да. Долго време ние се оспорувавме самите себе всушност. Се обидувавме да ги напикаме своите диви крила и срцата во тесни пластични калупи на она што ‘требаше’ да бидеме.

За некое чудо не успеавме. Нас ни е судено да се составиме со Месечината, да плачеме со дождот, да растеме со плимата и осеката и да светнеме со секое делче од светликавото жолто сонце.

Предодредени сме за трчање и играње по преполни улици во ритмот на плачливиот тапан кој зборува за болката на светот, со љубов во нашите срца, додека марамите се виорат во нашите раце. Ние сме предодредени да создаваме уметност која инспирира и ги отвора тажните, затворени срца. Нашите соништа, визии и судбини мора да ни бидат на прво место. Секогаш.

Ние не сме овде да се занимаваме со мали, беззначајни работи; да бидеме пристојни, љубезни, речиси Барби кукли со празни, безживотни срца- ние сме тука да создаваме бранови, да ловиме соништа, да стоиме во племенит оган на вистината- и тоа ние го знаеме. Да отфрлиме се’ што не’ гуши, се’ она што никогаш не требаше да биде во нашите животи- да станеме отпорни од ‘перењето на мозоци’, толерирање на непотребни работи- тоа е она што ги убива нашите души. Да се договориме со нашето срце, да ветиме дека ќе ја слушаме таа внатрешна искра на магија. Да си ветиме себеси дека ќе почитуваме тоа што сме всушност.

Ќе бидиме сила на светлината, љубовта и светата моќ. Дека ќе им овозможиме на нашиот ѕвезден дух да расте и да лета високо, високо! Нашите соништа, визии и судбини мора да бидат на прво место. Секогаш. Заборавете го зборот ‘Треба’. Пронајдете се себеси. Откријте ги своите дарови. Поделете ја својата магија со светот. Не се согласувајте на полу- живот.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: