Не дозволувајте да ве омаловажуваат

Никогаш не бев човекот кој со потсмев ги гледаше туѓите дела и настојувањата на луѓето да овозможат поинаков, подобар живот за себе. Не бев ниту ѕвер кој во недостаток на сопствена инспирација, на својот пат ги газев туѓите чувства, обидувајќи се да се вклопам во т.н. нормално. Знаев дека не морам се’ да знам ниту да разберам, но секогаш го почитував трудот и работата на себе и за себе.

Многумина повеќе сакаат да се потсмеваат и да ги омаловажуваат туѓите дела и труд. Тоа може да се промени само ако се тргне од себе, но таквата работа на себе секој не ја разбира ниту може да ја оствари. Тешко е да се разбере кога некој сака да добие ‘преку леб- погача’, бидејќи тоа го заслужува, бидејќи е таков и таков. Тоа се различни очекувања од другите.

Заслужни сме само за нашите резултати во кои сме вложиле труд и работа. Заслужни сме за способноста за помагање на другите во нивните потреби. Но, не затоа што сме ние посебни, туку затоа што треба да развиеме разбирање и сочувство кон другите кога имаат потреба. Но, за таквите често немаме време.

Заслужни сме единствено за волјата насочена кон сопственото унапредување, а штом сме ние успешни и нашите блиски се задоволни, среќни и сигурни. Тоа е така едноставно, бидејќи не е изрежирано, природно е и прекрасно.

За среќа има и такви луѓе кои секогаш ги препознавам, ќе ми го осветлат лицето, ќе ми го направат денот и ќе ме инспирираат за нови убави чекори. Секако дека и кај нив има препреки, но никогаш не сум видела за нешто да молеле или барале, бидејќи се ‘миленичиња на Бог’.

Имаат верба во себе. Љубов која ја живеат и покажуваат, вистинска и вечна. И не се жалат, не се лутат поради ‘нешто’, туку и понатаму работат и љубат. Бидејќи знаат дека тие не се ништо посебно, возвишено, туку се само луѓе на кои исто така им е потребна љубов и разбирање.

И поради сето ова важно е да се развиваме и да научиме да разбираме. Да сакаме, а не да омаловажуваме, да помогнеме а не да осудуваме, да се потрудиме а не да им мислиме лошо на другите. Со поседување на некој или нешто не сме богати и не сме екстра почитувани затоа што сме уверени дека тоа сме.

Кога ќе бидеме способни да се радуваме без очекувања онака со срце вистинско на успехот на другиот и покрај грешките во чекори во остварувањето на среќен живот, без понижување, тогаш всушност сме ја сфатиле суштината и убавината на живеењето.

Ива

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: