12 закони на кармата кои можат да ви го сменат животот

Сите знаат за поимот карма, но не знаат сите дека кармата не е казна или награда, туку причина и последица. Таа е резултат на минатите намери и дела. Разбирањето на кармата може да помогне во односите со другите. Сакате вашите дела да имаат добри резултати, треба свесно да правите дела кои ќе резултираат со позитивни исходи. Управувањето со тоа делување е клуч на смислениот и среќен живот.

Овие 12 закони на кармата можете да ги примените за подобар живот.

1. Закон за причина и последица. Како сееш, така ќе жнееш.

2. Закон на создавање. Создаваш она што си, а не она што посакуваш.

3. Закон на понизност. Она на што се опираш, тоа се зацврстува.

4. Закон на раст. Каде и да тргнеш, таму си.

5. Закон на одговорност. Твојот живот е резултат на твоите дела, на ништо друго.

6. Закон на поврзаност. Се’ што правиш, на некој начин е поврзано.

7. Закон на фокусот. Твоето внимание може да биде само на една работа истовремено.

8. Закон на гостољубивост и давање. Искажувањето на несебичност ги покажуваат твоите вистински намери.

9. Закон на промена. Историјата се повторува, освен ако ја промениш.

10. Закон за овде и сега. Сегашниот момент е се’ што имаш.

11. Закон за трпение и награда. Трпеливиот ум жнее најголеми награди.

12. Закон за важноста и инспирацијата. Најдобрата награда е онаа која придонесува на целината.

Овие закони содржат основни принципи и мудрост кој секој може да го примени, за да го направи својот живот подобар.

Не заборавајте уште една голема мудрост за односите со другите: Како некој се однесува кон вас, тоа е негова карма. Како вие на тоа реагирате, ваша е карма.

Извор: Sensa

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: