Дотерана однадвор, оголена одвнатре- во очите празнина, на лицето замрзната насмевка, а душата вреска!

Толку многу се зборува за охрабрување на жените, за ерата на жените, подршката, а сепак реалноста покажува друга слика. Лесно е да се зборува, но малку е потешко да се работи. Бидејќи, се додека жените не почнат искрено да соработуваат, автентично да се подржуваат една со друга, се додека не ја тргнат маската и погледнат искрено во себе, во својата душа, ќе имаме многу разноразни женски групи кои се налик на тинејџетски кланови.

Повеќето жени, од страв глумат совршенството, задоволството, совршен живот а всушност ја живее бледата ‘возрасна’ верзија на Gossip Girl серијалот. Одејќи вака низ животот се трошат, бараат да бидат почитувани од луѓе кои ништо не вредат. Се губат во светот на споредувањето со другите жени, се натпреваруваат, премногу се достапни, лесно ја даваат својата моќ, се обидуваат да ги задоволат сите, градат туѓи соништа, а на своите забораваат.

И колку да се трудат и даваат, обидувајќи се да ги задоволат другите, никогаш не е доволно! И постојано одат во лер и не е ни чудо што во ваква состојба забораваат на себе и своите потреби, на својата величенственост.

Јас сакам да ги набљудувам луѓето, воглавно жени во интеракција со другите. Посебно ги забележувам со внимание суптилните енергии, деталите кои неуките очи можат лесно да направат превид.

Дотерана однадвор, оголена одвнатре- во очите празнина, на лицето замрзната насмевка, а душата вреска! И наместо со другите жени искрено да поделат се’ она што им лежи на срце, тие се однесуваат као средношколки во училишен двор- озборување, евтино подбуцнување, а цело време се крчкаат во лично незадоволство. Жално е да се гледа колку се жените уплашени да се видат себеси, својата вистина, својата суштина, својата сила, а наместо тоа бираат да живеат во илузија на саможивност на стеротипите.

Зошто? Затоа што многу често се среќаваат со негодување, осуда, неприфаќање од страна на другите жени.

Драги жени, знајте дека сте вие секогаш повеќе од доволни и никогаш не сте премногу! Знајте дека жена со која го пиете кафето, сака да ја види вистинската ваша верзија, затоа бидете пример, отворете се! Бидете ОК. Со себе. Со својата душа. Со таа жена која седи до вас и ве гледа вас во очи. Не глумете совршенство! Само бидете. Бидејќи во пронцип тоа е се’ што ви е потребно.

Нежно напред,

Лидија

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: