Жена која најповеќе молчи кога најповеќе зборува

Јас сум од оние кои најповеќе молчат кога најповеќе зборуваат, од оние кои нема да ги разбереш, кога најмногу сфаќаш….

Јас сум од оние префинети, подобри, кои стануваат злопамтила кога ќе ги ранат. Од оние на чие небо има и темни и бели облаци..Јас сум од оние што ги премолчуваат најдлабоките вистини, за да не им го нарушат мирот или да не им ја украдат душата на другите.

Јас сум од оние што никогаш нема отворено да ти кажат каде плови одекот на нивните мисли, а ќе бидат тажни, ако не ги сфатиш. Јас сум од оние што го допираат хоризонтот и оние кои дишат и под вода и под земја.

Јас сум од оние што мислат дека зборот љубов е предолго во употреба и дека е празен, а не откриле друг збор. Од оние што се цврсто на земјата, а така преубаво одлепени од нејзината кора, некаде помеѓу пред зајдисонце и изгрејсонце.

Јас сум од оние, кои сакаат..со чудна едноставност која достигнува изненадувачка сложеност. Од оние кои сакаат, слобода на духот…воздухот, движењето, мирот..

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: