Кој си ти да ми судиш за мојот живот пријателе?

Човечката опиеност по пикантерии и гладот да се копа по туѓиот живот, извлекувајќи ги ‘валканите алишта’ и осудувањето на другите поради нивните грешки е омилен Балкански спорт. Сите тие луѓе кои се насладуваат со туѓите неволји и грешки, всушност се многу несреќни во својот живот. Да. Да.

Иако можеби тој факт некого ќе налути. Ако главна занимација е да се зборува на широко за некое неверство, што значи тоа освен страшно фрустрирана и несреќна личност? Многу луѓе се разведуваат, а некои во бракот се само цимери, без желба, волја и страст. Другите сфатиле дека не сакаат исти работи во животот и не гледаат во ист смер. Третите едноставно промашиле. Четвртите имаат катастрофален брак и зажалиле што воопшто се сретнале, а не пак што се во брак.

Во суштина, сите тие знаат зошто се разделиле и зошто не биле среќни заедно. Вистина е дека секок втор брак е неуспешен. Но, некои парови успеваат да ги надминат предизвиците и проблемите. Некои ќе ги прераснат партнерите, некои ќе одлучат да ги туркаат проблемите под тепих.

Вистина е само дека туѓата несреќа не може да те развесели и со тоа да се насладуваш. Ние не знаеме зошто љубовта ‘пука’ но подготвени сме да им судиме на другите, бидејќи сме ние ‘совршени’. Им судиме за се’ и на секој, дури им кажуваме како требало да постапат. Но, никој од нас не е без грев и всушност појма немаме за некои работи.

Нас туѓата несреќа ни е само евтина забава. За нив тоа е хаос. И со колава енергија луѓето за тоа прикажуваат, уживајќи во туѓиот јад и болка. Многу, многу жално.

Прашањето е што е тоа што луѓето ги претвора во малодушни суштества кои живеат само да слушнат дека некој има лош брак, кој ете пропадна или некој изгуби многу пари поради неуспех во бизнисот? Што е тоа толку скапано и погрешно во многумина, што ги храни туѓиот јад? Зошто толку се радуваат на туѓата несреќа? Дали туѓата несреќа и тага ќе ги плати нивните сметки? Ќе ги поправи нивните разнишани односи? Ќе им ги направи животите подобри? Нема. Секако дека не. Ако не си бил, видел, пробал и не знаеш како е тоа- кој си ти да осудуваш и кој си ти да се насладуваш?

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: